МАКФАКС

ВИДЕО.Женска тепачка во турскиот парламент

ВИДЕО.Женска тепачка во турскиот парламент
21.01.2017, 22:51

Дискусијата за уставните реформи во турскиот Меџлис кулминираше со тепачка меѓу жените пратенички, покажува видео материјалот објавен во саботата на социјалните мрежи.

Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата, пишува весникот Hurriyet.

Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот (АКР) во текот на дискусијата за клучниот осмиот член од законот, но нејзините политички опонентки се обидоа да ја ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од парламентарната говорница.

Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќепратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите./крај/мф/сн

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=G6lKwcjVEzA

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *