МАКФАКС

Куче застрелано на аеродромот во Оукленд откако три часа трчало по пистата

Куче застрелано на аеродромот во Оукленд откако три часа трчало по пистата
17.03.2017, 14:38

Полицијата на Нов Зеланд во петок застрела куче од тимот за обезбедување на аеродромот во Оукленд, бидејќи побегнало и три часа трчало по пистата, заради што биле одложени 16 летови.

Десетмесечното куче Гриз беше обучувано да открие експлозиви и требало за шест месеци да ја заврши обуката.

Многу Новозеланѓани ги вознемири веста за убиството на кучето, а се поставува и прашањето зошто животното не било успиено.

Полицискиот инспектор Трејси Филипс соопшти дека безбедносните служби и персоналот на аеродромот повеќе часови се обидувале да го тргнат кучето од пистата и дека повикот до полицијата била последна можност.

„Ова не е исходот што било кој го посакуваше“, рече Филипс.

Радио Нов Зеланд јави дека кучето му побегнало на дресерот во моментот кога ги сместувале во комбе.

Работниците на аеродромот безуспешно се обидувале да го намамат песот со храна, играчки и други кучиња. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *