МАКФАКС

Мозамбик: Млад фудбалер усмртен од крокодил

Мозамбик: Млад фудбалер усмртен од крокодил
18.03.2017, 11:44

 

Младиот 19-годишен фудбалер Алберто Гино, член на фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро де Тете од Мозамбик, смртно настрадал откако бил нападнат од крокодил на реклата Замбези, пренесуваат светските медиуми.

 

Младиот фудбалер по тренингот одлучил да се освежи во реката, кога бил нападат од крокодил кој му нанел смртоносни повреди.

 

„Тој се одлучи да се освежи, а крокодилот се појави за неколку секунди. Го зграпчи за ногата и го одвлече. Подоцна го пушти, но веќе беше доцна. Пријателите кои беа во близина слушнаа врисок но не можеа да направат ништо. За жал, повредите беа смртоносни“, рекол тренерот на фудбалскиот тим, Еди Карваљо.

 

„Тагуваме за нашиот играч, брат, пријател, син. Имаше само 19 години и светла иднина“, изјавиле од фудбалскиот клуб./крај/мф/бс

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *