Пијана жена слетала од надвозник на пруга, па продолжила да вози

Пијана жена слетала од надвозник на пруга, па продолжила да вози

Пијана жена во германскиот град Диселдорф со автомобилот ја пробила заштитната ограда на надвозникот, слетала со возилото на железничка пруга и продолжила да вози, запрела кога пред неа се појавил влез за тунел.

Инцидентот се случил во раните утрински часови во недела, објави полицијата, а жената минала со полесни повреди.

Нејзиниот автомобил што останал заглавен меѓу шините, предизвикал проблеми во сообраќајот на подземната железница што ги поврзува Диселдорф и Крефелд. /крај/хн/ст