МАКФАКС

Семејство загина под стотици килограми облека

(Manuel Lorenzo / EFE)

Семејство загина под стотици килограми облека
29.01.2017, 18:42

Брачна двојка и нивната 12-годишна ќеркичка бизарно загинаа во нивниот дом во шпанскиот град Аликанте, откако врз нив се струполиле стотици килограми облека.

Според локалниот весник La Vanguardia, членовите на ова семејство страдале од Синдромот на Диоген, односно психичко нарушување за коешто е карактеристично собирање на старата облека, занемарување на себеси, социјална изолација и апатија.

Во текот на ноќта кон саботата, врз сопружничката двојка и нивната ќерка паднале полиците преполни со облека.

Загинатите дури во попладневните часови ги нашла нивната постара 18-годишна ќерка. Девојката целата ноќ ја минала на интернет, и се разбудила дури околу два часот попладнето, а кога се обидела да излезе од собата утврдила дека вратата е блокирана.

Со големи напори одвај успеала да се протне во соседната просторија. Започнала да расчистува по куќата и ја забележала раката на сестрата. Потоа го повикала својот вујко кој ја алармирал полицијата. Соседите изјавиле дека во текот на ноќта не слушнале никаква бучава.

Сопружниците, на 49 и 50-годишна возраст, биле доселеници од Мароко, со шпанско државјанство. Според медиумските извештаи, насобраното гардероба тие повремено ја продавале./крај/мф/сн

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *