МАКФАКС

Љубопитно „јети“ влета во живо на американска телевизија (ВИДЕО)

Љубопитно „јети“ влета во живо на американска телевизија (ВИДЕО)
13.02.2017, 17:45

Несмасниот „снежен човек“ го прекина метеоролошкиот прилог пренесуван во живо на американскиот телевизиски канал 22News, стана ѕвезда на YouTube.

 

Како што пренесува весникот The Huffington Post, инцидентот се одиграл во градот Спрингфилд, во сојузната американска држава Масачусетс, за време на извештајот за обилните снежни врнежи.
Набрзо по почетокот на прилогот, снимателот на телевизијата WWLP-22News го забележал „јетито“, кое трча и паѓа преку снежните намети, и одлучил да ја фокусира камерата на чудното суштество.

Подоцна се покажало дека во костумот на „бигфутот“ бил сопственик на локална продавница за легални лекови од канабис. Самиот маж подоцна не можел да објасни што го натерало на оваа постапка.

Дејв Меш, вели дека станува збор всушност за костимиран како ликот Потсквоч, „пупка на љубовта“, сличен на Бигфут, прекриен со листови од марихуана.

„Во еден момент видов дека илјада луѓе го погледале видеото и си реков ‘кул’’. Кога повторно навратив, веќе имаше над половина милион“, одушевен е Меш. Сега очекува да види колку „славата“ ќе трае и има намера да печати маички со овој лик./крај/мф/сн

 

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *