МАКФАКС

Во првата операција на желудник на желка извадени илјада монети

Во првата операција на желудник на желка извадени илјада монети
07.03.2017, 10:50

Тајландските ветеринари извадиле речиси илјада метални парички од желудник на желка, што е досега првата ваква позната операција во светот.

Петмина хирурзи од ветеринарниот институт во Бангкок шест часа ја оперирале желката Омсин, 25-годишна голема желка. Од нејзиниот желудник извадиле 915 парички со вкупна тежина од пет килограми.

На Тајланд се верува дека фрлањето парички во извори носи среќа, а во базените со желки и долговечност, бидејќи овие животни и се познати по тоа.

Желката Омсин во Бангкок била донесена од 120 километри оддалечениот град Срираш, каде што живеела во одгледувалиште за желки отворено за посетители. Тамошните ветеринари забележале дека желката плива настрана и дека не ја користи левата нога.

„Прво мислевме дека станува збор за некаква парализа, но снимките од рентген и ЦТ покажаа дека во желудникот има големо количество некакви предмети“, рекла ветеринарката Нунтарика Шансое.

„Тоа беше тешка и сложена операција. Откако ги извадивме паричка по паричка, стана очигледно дека желката полесно дише“, рекол еден од хирурзите Пасакорн Бриксван.

Откако ќе закрепне, Омсин ќе биде пуштена во океанот./крај/мф/сн

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *