МАКФАКС

Исчезна Јабланичкото Езеро во БиХ

Исчезна Јабланичкото Езеро во БиХ
06.02.2017, 14:30

Јабланичкото Езеро во Босна и Херцеговина целосно исчезна откако Електростопанство на БиХ максимално ги искористи резервите на вода што беа таму акумулирани за да произведе што повеќе струја за време на студените денови во јануари, а ваквата одлука веројатно ќе има долгорочни катастрофални еколошки последици.

Во долината на реката Неретва, меѓу местата Коњиц и Јабланица во Херцеговина, што обично е прекриено со вода длабока и до 80 метри, сега се гледа калливо дно, а на некои места можат да се забележат надгробните споменици потопени во 50-сеттите години на минатиот век, кога беше формирано акумулационото езеро, како дел од проектот за изградба на брани и хидроцентрали на реката Неретва.

Езерото вообичаено беше долго до 30 километри и зазема повеќе од 1.400 хектари површина. Во него имаше и богат рибен фонд, вклучително и пастрмка и крап.

Еколозите тврдат дека со испуштањето на езерото целосно е уништен рибниот фонд.

Од Електростопанство на БиХ велат дека ова не е прва ваква ситуација и дека слично било и во 2005 година. од таму уште додаваат дека еколозите претеруваат во оценките за причинетата штета. /крај/ин/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *