МАКФАКС

Научниците покажаа како се формира „временска бомба“

Научниците покажаа како се формира „временска бомба“
15.02.2017, 22:55

Американската геофизичка заедница ја објави снимката на којашто се гледа како се формира моќна бура во северниот дел на Атлантскиот Океан.

Формирањето на ткн „временска“ или „метеоролошка бомба“ е снимена со метеоролошкиот сателит GOES-16. Според геофизичарите, во американската сојузна држава Мериленд бурата веќе предизвикала налети од ветер, чијашто брзина достигнува до 80 километри на час.

Како што сметаат научниците, „временската бомба“ формира во својот епицентар зона на ултра низок атмосферски притисок, кој влијае не само врз протокот на воздухот, туку и на сеизмичката активност на Земјата./крај/мф/сн

 

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *