МАКФАКС

Шведската компанија Vattenfall ќе го замени возниот парк со електрични возила

Шведската компанија Vattenfall ќе го замени возниот парк со електрични возила
13.02.2017, 11:18

Шведската државна компанија за дистрибуција на електрична енергија Vattenfall, планира да го замени сиот возен парк и за време од пет години целосно да користи само електрични возила.

Од компанијата е соопштено дека повеќе од 3.000 патнички возила во Шведска, Холандија и Германија ќе бидат заменети со електрични, а плановите се до 2050 година целото работење на компанијата да стане ‘климатски неутрално’.

Сепак, шведската компанија посочи дека плановите зависат од тоа како потрошувачите ќе ја прифатат идејата за користење на електричните возила. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *