МАКФАКС

Адел открива дека на концерти од фановите се крие во црна кутија

Адел открива дека на концерти од фановите се крие во црна кутија
13.03.2017, 13:36

Британската пејачка Адел откри дека секоја вечер таа е уплашена и облиена со пот, бидејќи на нејзините настапи ја превезуваат во мала кутија со цел да ја сокријат од публиката и тајно да ја однесат до бината.

 

Познатата ѕвезда на својата турнеја има необично превозно средство во кое се пробива низ маса фанови за полесно да дојде до сцената, да заземе правилна позиција и сите да го засени со својот настап, пишува The Sun.

И додека повеќето фанови седат или мирно стојат очекувајќи го почетокот на концертот, не ни помислуваат дека во кутијата во која најверојатно мислат дека има опрема, седи ѕвездата која заработува 85 милиони фунти и е на само неколку чекори до нив.

Ако не постои подземен тунел преку кој таа може да стигне до бината, обезбедувањето на Адел ја превезува во црна кутија, во која, како што вели таа, „слуша музика за да се опушти, и од неа излегува облиена со пот“.

Кога кутијата од нејзината гардероба ќе стигне до бината, низ маса луѓе кои нестрпливо ги чекаат првите тактови на своите омилени песни, обезбедувањето ја заокружува Адел која излегува од кутијата за да не ја забележат фановите.

Неодамна ѕвездата со солзи на очите го прекина концертот во Сиднеј, кога една од нејзините обожавателки доживеа срцев удар за време на настапот. Адел една од своите песни ја посвети на жената на која ѝ се слоши, а која моментално се наоѓа во болница. /крај/мф/вс

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *