МАКФАКС

Ема Вотсон ќе тужи за украдените фотографии

Ема Вотсон ќе тужи за украдените фотографии
16.03.2017, 10:46

Ема Вотсон, ѕвездата на филмот „Убавицата и ѕверот“, има намера да подигне тужба поради кражба на нејзините фотографии од мрежата, а нејзините претставници за медиумите во средата ги демантираа наводите дека станува збор за актови.

 

„Фотографијата којашто Ема ги снимила со стилист пред неколку години се украдени. Не станува збор за фотографии на разголената актерка. Адвокатите добија упатства и натаму нема да коментираме“, изјави за Variety нејзин претставник за односи со јавноста.

На социјалните мрежи и на блоговите се тврдеше дека фотографиите на разголената Ема Вотсон оваа седмица биле поставени на неименувана мрежа за споделување документи.

Дваесет и шестгодишната Вотсон, која се прослави како детска ѕвезда во улогата во сагата за „Хари Потер“, така се најде во центарот на интересот на социјалните мрежи претходно овој март поради фотографиите снимени за магазинот Vanity Fair, меѓу кои и една на којашто градите на актерката се само малку прекриени.

Бидејќи Вотстон е и амбасадорка на добрата волја за женски прашања и еднаквост, критичарите на нарекоа лицемерна обвинувајќи ја за предавство на феминистичките идеали.

Вотсон одговори дека феминизмот е прашање на избор. „Станува збор за слобода, за ослободување, за еднаквост. Не гледам што моите гради имаат нешто со тоа“, изјави за Reuters./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *