МАКФАКС

Откриена причината за смртта на Џорџ Мајкл

Откриена причината за смртта на Џорџ Мајкл
07.03.2017, 16:26

Речиси три месеца по смртта на Џорџ Мајкл, извештајот од обдукцијата ја открива причината за смртта на легендарниот пејач.

Патологот констатирал дека Мајкл починал од природна смрт, а боледувал од заслабено срце и оштетување на црниот дроб.

„Завршена е истрагата во врска со смртта на Џорџ Мајкл и е направен последниот обдукциски наод. Потврдено е дека смртта настапила природно, како последица на дилатативна кардиомиопатија со воспаление на миокардот, како и замастен црн дроб. Понатамошна истрага не е потребна“, се наведува во наодот на патологот Дарен Салтер.

Првата аутопсија беше извршена на 30 декември, а наодите беа нецелосни, соопшти тогаш полицијата и додаде дека смртта на познатиот пејач и натаму се смета за необјаснета, но не и сомнителна.

Мајкл за време на животот долго се бореше со зависност од наркотици. Последните неколку години имаше сериозни здравствени проблеми заради кои неколку пати заврши во болница.

Почина на 25 декември на 53 годишна возраст. /крај/бл/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *