Погребот на Џорџ Мајкл ќе биде таен, без медиуми и фанови

Погребот на Џорџ Мајкл ќе биде таен, без медиуми и фанови

Точно пред три дена и речиси 10 недели по смртта на пејачот Џорџ Мајкл, официјалниот обдукциски наод потврди дека смртта настапила природно. Семејството деталите за погребот ги држи во строга тајност бидејќи не сакаат присуство на фанови, но и други непожелни луѓе од неговото опкружување.

Претходно медиумите објавија дека на партнерот на Џорџ Мајкл, Фади Фаваз, семејството децидно му забранило да присуствува на погребот.

Фаваз во своите изјави и објави на Твитер предизвика многу контроверзи околу смртта на пејачот, вклучувајќи ја и таа дека поп ѕвездата неколку пати се обидел да си го одземе животот.

„Ништо не можам да ви кажам за погребот бидејќи ништо не знам. Тоа е доста чудно,“ рече Фади во изјава за таблоидот The Sun.

Британските медиуми се обидоа да дојдат до официјална изјава на семејството, но нивниот претставник одби да коментира приватни работи. Џорџ Мајкл наводно требало да биде погребан на гробишта во Лондон покрај мајката Лесли, но сè уште нема потврда на информацијата. /крај/ в.с.