Почина Џони Слеџ, една од сестрите во групата „Систер Слеџ“

Почина Џони Слеџ, една од сестрите во групата „Систер Слеџ“

Американската пејачка Џони Слеџ, една од четирите сестри кои заедно го изведуваа познатиот диско хит „We are family“, почина на 60 годишна возраст, објави семејството.

Пејачката починала во петокот во својот дом во Аризона, а причината за смртта сè уште не е утврдена, истакна нејзиниот менаџер Биф Ворен.

Џони и нејзините сестри, Деби, Кети и Ким, ќерки на двајца уметници, израснаа во Филаделфија и стекнаа углед пеејќи R&B во 70-сеттите години на минатиот век.

Вистински успех доживуваат во 1979 година со песната од истоимениот албум „We are family“, која ја напишаа Најл Роџерс и Бернард Едвардс. Уште две песни беа нивни хитови, како “He’s the greatest dancer” и “Lost in music”, обете од истиот албум.

„Снимањето на We are family беше како прослава, пеевме и танцувавме во студиото“, раскажа Џони Слеџ минатата година за британскиот весник Guardian.

Кети ја напушти групата заради соло кариера, а „Систер Слеџ“ се собираа во разни формации заради свирки во разни пригоди. /крај/хн/мф