Скарлет Јохансон се разведува од Ромен Доријак

Скарлет Јохансон се разведува од Ромен Доријак

Славната американска актерка Скарлет Јохансон поднел барање за развод од нејзиниот втор сопруг Ронем Дорија, пишува средата весникот The New York Post.

 

Актерката во вторникот го поднела барањето за разведување во Врховниот суд на Мехнетен, во кое изјавила дека нејзиниот брак е „безнадежно урнат“. Скарлет Јохансон, исто така, побарала доделување старателство над нивната тригодишна ќеркичка.

Адвокатите на Ромен Доријак изјавиле дека тие имаат намера да се борат низ правните институции.

„Тој сака да патува во Франција со својата ќерка, а Јохансон патува помалку. Ова ќе биде многу интересен процес“, го цитира весникот адвокатот на Доријак, Наролд Мајерсон.

Јохансон и францускиот новинар Доријак се венчаа во 2014 година, набрзо по раѓањето на нивната ќеркичка, а New York Post потсетува дека пред два месеца холивудската ѕвезда објавила дека одвоено живее од Доријак од минатото лето.

Во минатата 2016 година 32-годишната Јохансон беше на чело на листата на најпрофитабилни актерки според рејтингот на магазинот Forbes, односно филмовите во коишто таа глуми заработиле на кино благајните 1,2 милијарда американски долари. /крај/мф/сн