Славниот актерски пар се откажа од разводот

Славниот актерски пар се откажа од разводот

Џенифер Гарнер и Бен Афлек решија на својот брак да му пружат уште една шанса.

Славната актерска двојка објави дека се разведува во 2015 година. Сè уште не се помириле, но решиле за сега разводот да го стават на пауза.

„Џен се откажа од разводот. Сака да ги ‘испегла’ работите со Бен. Ќе се обидат уште еднаш“, рече извор за магазинот „People“.

Истиот извор додаде дека двајцата сè уште многу се сакаат и ги сакаат своите деца.

Бен и Џенифер неодамна заедно го прославија петтиот роденден на синот Семјуел, заедно со ќерките Вајолет(11) и Серафин(8) во својата семејна куќа во Лос Анџелес. /крај/бл/ст