Американската компанија произведе пиштол кој може да се камуфлира во iPhone

Американската компанија произведе пиштол кој може да се камуфлира во iPhone

 

Американската компанија Ideal Conceal произведе оружје коешто може да се камуфлира и да изгледа како најнормален iPhone, пренесуваат американските медиуми.

 

Станува збор за пиштол со калибар од 9 милиметри, а компанијата веќе започнала и со продажба на ова оружје.

 

„Во денешно време, носењето на скриено оржује стана потреба. Но што ако не морате да го сокриете? Смартфоните се насекаде, така што вашиот нов пиштол може лесно да се вклопи во вашето секојдневие. Во склопена позиција, тој ќе биде скоро невидлив и никој нема да може да го забележи“, вака од Ideal Conceal го опишуваат својот нов продукт.

 

Американските медиуми исто така додаваат дека постои загриженост околу овој продукт бидејќи ова се времиња на чести терористички напади и дека терористите би можеле исто така да го користат ова оружје, па поради тоа и многумина низ Европа предупредуваат дека ваквите видови на пиштоли би можеле да бидат многу опасни доколку се најдат во погрешни раце.

 

Според пишувањата на The Times, компанијата досега има над 12 илјади нарачки за овој продукт, а цената за оружјето е релативно мала и изнесува 395 евра./крај/мф/бс