МАКФАКС

Извештај: САД се главниот извир и цел на DDoS сообраќај во светот

Извештај: САД се главниот извир и цел на DDoS сообраќај во светот
15.02.2017, 19:22

Американката аналитичка компанија а Akamai Technologies, објави во средата дека најголемиот број кибернетички напади отпаѓаат на САД, со 24 отсто, на Велика Британија со 10 проценти и на Германија со 7 отсто.

 

Бројот кибернетичките напади во четвртиот квартал од мината 2016 година пораснал за 4 отсто споредено со соодветниот период од претходната 2015 година, и нивниот главен извор биле САД. Ова се наведува во извештајот објавен во средата под наслов „Ситуацијата со интернет безбедноста“ на американската компанија „Akamai Technologies“, која е сопственик на серверите за олеснување на управувањето на најпосетените веб-сајтови на интернет.

„Три земји се главен извор на кибернетичките напад“, се наведува во извештајот. „На САД отпаѓаат 24 отсто од DDoS нападите, на Велика Британија 10 проценти и на Германија 7 отсто. На четвртото место според овој извештај е рангирана Кина со 6 отсто/

„DDoS нападите со капацитет над 300 гигабити во секунда стануваа сé почести. Седум од десет DDoS напади со моќност од над 300 гигабити во секунда, се најмоќните кои воопшто ги регистрирала од компанијата во минатата 2016 година, при што три од тие напади се случиле во четвртиот квартал“, се наведува натаму во извештајот.

Во споредба во истиот период во 2015 година бројот напади со капацитети од 100 гигабите во секунда и повеќе , се зголемил за дури 140 отсто.

Од 12-те најголеми DDoS, регистрирани минатата година, пет биле насочени кон медиуми и компании од секторот забава, односно само на компанија кои се во секторот за онлајн коцкање, и две на компании во областа на високата технологија и развој на компјутерски програми.

Најмоќниот кибернетички напад бил регистриран на 15-ти октомври, и неговиот капацитет изнесувал 517 гигабити во секунда. Во извештајот не се наведува која компанија или институција бела цел на овој напад.

Според составувачите на извештајот, во просек на секој мрежен ресурс во четвртиот квартал во 2016 година биле извршени по 30 кибернетички напади.

„Во текот на кварталот оваа бројка остана стабилна и послужи како доказ дека по првиот кибернетички напад, со висока веројатноста дека ќе биде повторен. Некои организации биле подвргнати практично на постојани напад, од три до пет напади во текот на еден ден“, се истакнува во извештајот./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *