МАКФАКС

Кинески робот новинар ја објави првата статија

Кинески робот новинар ја објави првата статија
19.01.2017, 21:10

Иако експертите во медиумската индустрија водат дискусии за иднината на новинарската професија, а десетици илјади студени ширум светот се обучуваат на специјализираните факултети, развиениот во Кина робот дописник наречен Ксиао Нан во локалниот весник веќе ја објави својата прва статија.

Како што пренесува агенцијата China News, написот на Ксиао Нан од 300 карактери бил објавен во весникот Southern Metropolis Daily. Својата статија роботот-новинар ја посветил на туристичкиот бум пред претстојниот празник кинеска нова година – Чунчие.

На роботот му била потребна само една секунда за да го заврши материјалот. Според професорот на Пекиншкиот универзитет, Ванг Ксјаочун, кој бил вклучен во развојот на медиумскиот робот, Ксјао Нан е способен да напише кус извештај, но и прилично долги текстови.

„Во споредба со редовните дописници, Ксјао има многу поголема способност за анализирање на податоците и побрзо да пишува текст“, истакнува професорот.

Сепак, ова не значи дека интелигентните роботи во скоро време ќе можат целосно да ги заменат новинарите. Машините сé уште не се оспособени да водат интервјуа тет-а-тет и да задаваат дополнителни прашање, појаснува во Ванг Ксјаочун. Покрај тоа, роботите сé уште не можат да го избираат „аголот на вестите“ во интервјуто или разговорот.

Но, сепак, професорот е оптимист во врска со иднината на новите технологии во медиумската индустрија.

„Роботите наскоро ќе можат да дејствуваат како дополнение, давајќи им помош на весниците и другите медиуми, како и на уредниците и репортерите“, смета Ванг.

Сега тој работи заедно со Southern Metropolis Daily во создавање лабораторија за истражување и развој на медиумските роботи./крај/мф/сн

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *