Hitech
Цукерберг подлегнал на параноја и ја исклучил веб-камерата
Марк Цукерберг подлегнал на паранојата и ги прекрил веб-камерата и микрофонот на својот личен компјутер, пишува интернет ресурсот Gizmodo.
Внимателните корисници тоа го забележале на фотографијата којшто Цукерберг ја поставил на социјалната мрежа честитајќи му на Instragram кој достигна месечен аудиториум од 500 милиони луѓе.
На фотографијата Цукерберг седи на работната маса, којашто корисниците ја паметат уште од првиот пренос во живо во 2015 година, а компјутерот на основачот на Facebook е прекриен со лента на две места. Така што заклучуваат дека Цукерберг се обидува на тој начин да се заштити во случај да му биде хакиран компјутерот.
Ресурсот истакнува дека е разбирливо што така моќен човек стравува од прислушување, па дури и шпионирање. Меѓутоа, забележува дека доколку неговиот пример го следат милијардите корисници на Facebook, тогаш самата социјална мрежа, која е базирана на чување лични податоци, нема да мине убаво.
Ваквата претпазливост на Цукерберг, можеби, се должи на тоа што пред две седмици хакерска група којашто себеси се нарекува Ourmine, објави дека ги пробила профилите на Instagram, Twitter, LinkedIn и Pinterest на основачот на Facebook. Хакерите тогаш објавија дека го проверувале системот на безбедност на Цукерберг и го повикаа да контактира со нив
На Twitter, кој Цукерберг не го користи од 2012 година, тогаш се појави објава која подоцна беше отстранета, а на неговата страница на Pinterest се појави натписот „пробиено“. Притоа немаше докази за хакирањето на Instagram, каде што Цукерберг има објавено само 30 фотографии.
Британскиот сервис BBC го наведе мислењето на некои експерти кои сметаат дека хакирањето на акаунтите на Цукерберг е последица од пробивањето и кражбата на личните податоци од Linkedin./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни
Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.
Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.
The word “online” was capitalized on @WhatsApp this week. Tell me why this is bothering me so much 🫠 pic.twitter.com/SfYqw0JdQ9
— Rebecca Franks (@riggaroo) April 13, 2024
„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.
@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie
За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.
@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba
@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•
Hitech
Xiaomi почна да произведува електрични автомобили
Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.
Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.
Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.
Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.
SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.
Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.
Hitech
(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли
Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.
Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.
— Neuralink (@neuralink) March 20, 2024
„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.
Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.