Забава
Над милион луѓе, поканети преку Facebook, ќе дојдат на роденден на девојче
Повеќе од милион луѓе потврдија преку интернет дека ќе дојдат на роденденот на 15-годишната Мексиканка, Руби Ибара Гарсија. Ваквиот големи одзив е резултат на поканата која нејзините родители ја објавија на социјалните мрежи.
„Добар ден, како сте? Ве покануваме на 15-тиот роденден на нашата ќерка Руби Ибара Гарсија на 26 декември во местото Ла Хоја“, објавил таткото на славеничката, Кресценсио Ибара, пред неколку недели на видео на Facebook. Тој на видеото се појавува со каубојски шешир покрај сопругата, и сега веќе познатата ќерка Руби.
Поканата за прослава во село со околу 200 жители во близина на северниот град Сан Луис Потоси, ја прифатиле 1,3 милиони корисници на Facebook.
„Ова излезе надвор од контрола…не е дека не сакаме да ги поканиме сите, но овде прославите се од локална природа и ова не го очекувавме,“ рече таткото на Руби, кој стана миленик на мексиканските медиуми.
Руби, тинејџерка со долга црна коса, сега гостува во сите телевизии, а една авиокомпанија нуди промотивни цени за оние кои сакаат да дојдат на прославата на нејзиниот 15-ти роденден, важен датум кој се слави во Латинска Америка.
Иако прославата првично била планирана за 800 гости, локланите власти го променија местото на настанот на земјиште со повеќе хектари и воведоа мерки за безбедност.
„Прослава на годината“ како што ја нарекоа мексиканските медиуми, од кои многу ќе известуваат од местото на настанот, иницираше видео-игра во која тинејџерка трча по црвен тепих и дели позивници на сите што ги среќава. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.