МАКФАКС

Звуците на орангутаните го расветлија развојот на човековото комуницирање

Звуците на орангутаните го расветлија развојот на човековото комуницирање
12.02.2017, 08:27

Научниците коишто со години ја следеле комуникацијата на најблиските примати до човекот, орангутаните, тврдат дека ова „прислушување“ им помогнало да го расветлат потеклото на човековото комуницирање, односно јазикот.

Др Адриано Реис е Ламеира од универзитетот Дарам снимил и анализирал речиси 5.000 различни звуци коишто орангутаните ги произведуваат со усните. Утврдил дека животините за испраќање различни пораки со испакнувањето на усните произведуваат звуци кои наликувале на согласки, а тој и неговите колеги веруваат дека на тој начин добиле увид во начинот на кој човековите предци ги создавале првите зборови.

„Јазикот на луѓето е извонредно напреден и комплициран. Речиси секоја информација можеме да ја претвориме во звук. Претпоставуваме дека зборовите се развиле од некои рудиментирани звуци за да би можеле да се пренесат посложените пораки“, вери др Реис е Ламеира за BBC.

„Ги употребивме звуците на орангутаните како временска машина. Се вративме во времето кога нашите предци го користеле она што подоцна ќе станат согласки и самогласки“, појаснува.

Научниот тим со особено внимателно ги проучувал „цвокотењата“ кои овој вид мајмуни ги произведуваат со усните, а тие, како и многуте консонанти, кои звучеле како буквите Т, П и К, зависеле од активностите на јазикот, усните и вилицата, а не од гласот.

„За таквите звучни огласувања не се потребни вокали, поради што акустички и артикулациски ни звучат како самогласки“, појаснува Реис е Ламеира.

Во истражувањето на човековиот говор помалку е истражуван развојот на консонантите, но според мислењето на шефот на оваа студија професорот Серж Виша од ливерпулскиот универзитет Џон Мур, тие се клучната спојка во развојот на јазикот.

„Повеќето јазици имаат повеќе консонанти отколку вокали. А доколку имаме повеќе сврзници, толку е и поголема можноста за комбинирање“, појаснува Виш.

Преслушувајќи ги снимките од огласувањето на орангутаните, научниците утврдиле дека животните внеле неколку различни сврзници во својата комуникација преку звуците коишто ги произведуваат со усните. Тоа о споредиле со начинот накој современиот човек употребува повеќе од еден збор за ист поим, на пример, се вели автомобил но и возило.

„Се чини оти така двојно се осигурувале дека пораката ќе биде пренесена, односно дека истата порака ја испратиле користејќи неколку различни звучни сигнали“, заклучиле научниците.

Нивната студија упатува на тоа дека до раниот развој на јазикот не довел заедничкиот напор на нашите предци да формираат сложени зборови, туку редунданцијата, односно создавањето различни звуци кои носат исто значење и не го зголемуваат количеството , а се употребуваат поради посигурното пренесување и подобрата контрола на пренесувањето на информациите./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *