МАКФАКС

Метеор го осветли ноќното небо над езерото Мичиген (ВИДЕО)

Метеор го осветли ноќното небо над езерото Мичиген (ВИДЕО)
06.02.2017, 23:34

Метеор пролета како огнена топка над езерото Мичиген осветлувајќи го ноќното небо во светло сино пред да се распадне во мноштво парчиња над езерото, покажува полициската снимка и описите на експертите на социјалните мрежи.

 

Полицаецот Џим Декстер од Лисла во сојузната држава Илиноис го снимил падот на метерот со камерата на своето полициско возило во 1,25 часот по локално време.

Покрај во Лисла, на околу 48 километри од Чикаго, и во другите делови од Илиноис, очевидци известуваат дека го виделе метеорот од државите Висконсин, Индијана, Мичиген па дури и од државата Њујорк, како и канадската покраина Онтарио, објави интернет страницата на Американското метеорско здружение.

Огнениот пад на метеорот веројатно ќе биде еден од најспектакуларните настани од овој вид во светот оваа година, вели за Reuters Мајк Хејнки, директор на активностите на споменатото здружение.

„Метеорот се распадна на парчиња карпи и метална прашина која во облак се спушти во езерото Мичиген. Нема известувања дека некој е повреден од парчињата“, вели Хејнки.

Агенцијата Associated Press, пак, повикувајќи се на извештаи на локалното метеоролошко биро, пренесува дека појавата на метеорот била проследена со суперсоничен тресок кој предизвикал тресење на некои домови.

Експертите коишто ги консултирала агенцијата велат дека сé уште не е познато што се случило со метеорот, Се претпоставува дека вселенското тело можело да падне во езерото или да согори уште во Земјината атмосфера./крај/мф/сн

 

 

 

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *