МАКФАКС

Научниците оживеаја микроби стари неколку десетици илјади години

Научниците оживеаја микроби стари неколку десетици илјади години
20.02.2017, 00:02

Научниците екстрахирале долги години успиени микроби од внатрешноста на познатите гигантски кристали во спилите на планините Наика во Мексико, а потоа ги оживеале и според нивните процени староста на микробите може да достигнуваат десетици илјади години, се наведува во написот објавен во списанието National Geographic.

 

Микробите се пронајдени во Пештерата на кристалите, која се наоѓа на длабочина од 300 метри во близина на градот Наика во сојузната мексиканска држава Чивава. Таа го добила своето име по огромните кристали од селенит и разновиден гипс. До нејзиното откривање таа била исполнета со вода и сега постојано се испумпува. Научниците веќе идентификувале микроби кои живееле во ѕидовите во овие пештери, но нивната изолација од неколку метри долгите кристали претставува изненадување.

Во 2008 и 2009 година челникот на Институтот за астробиологија на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Пенелопe Бостон, успеа да извади течности од внатрешноста на кристалите кои се формираат со години. Подоцна во лабораториски услови, групата научници под нејзино водство успеале да ги „разбудат“ микробите и да одгледаат микробиолошка култура, односно откриле бактерии и прабактерии кои потоа и реанимирале.

Според Бостон, тие се слични на познатите видови микроорганизми кои опстојуваат во пештерите, но генетски се разликуваат од нив. Постоела загриженост дека тие организми се само резултат од контаминација од страна на групата научници или од рударските операции, но директорката на NASA тврди дека при истражувањето биле преземени сите неопходни протоколи.

 

 

Врз основа на геолошките податоци за брзината на растот на кристалите во пештерата, според кои најстарите од нив се околу половина милион години, научниците претпоставуваат дека сега откриените микроби би можеле да се најдат во внатрешноста на кристалите пред 10 до 50 илјади години претходно. Според Бостон, тоа откритие може да влијае врз сегашните сознанија за историјата на еволуцијата на микроорганизмите на Земјата.

Бидејќи Бостон работи и како астробиолог, таа го истакнува значењето на ваквите откритија во потрагата по живот во Вселената. Секое вакво откритие на Земјата овозможува да се примени сличен атлас на можности во поинакви планетарни услови, тврди таа. Многу научници сметаат дека доколку некаде во Сончевиот систем, исто така, постои живот, дека тоа е најверојатново подземјето, каде организмите се хемосинтетизираат, исто како и оние во спилите на Наика.

 

Научниците претходно тврдеа дека успеваа во оживувањето на инсекти кои биле успиени неколку милиони години, заробени во кристали од сол или мраз. Сите тие тврдења се спорни, но Бостон истакнува дека е подготвена да ги прифати откако била сведок на сé што се наоѓа во Наика и на другите слични опкружувања.

Организмите останале затворени во гипсот, пред десетици илјади години, со што стануваат уште еден пример за способноста на животот да се адаптира и да се носи со најнепријатните опкружувања. Откриените организми се многу необични, тие немаат „сродници“ во досегашните генетски бази на податоци, изјави Бостон која ова откритие го презентирапе и на состанокот на Американското здружение за развој на науката (AAAS).

Длабоко закопани во спилите кај Наика,ги откриле рудари пред речиси сто години трагајќи по сребро и други метали. Овие пештери се интересни за научниците поради ткн екстремофилија, микроби кои преживуваат во услови кои се сметаа за невозможни. Опкружувањето во пештерите е многу топло, меѓу 40 и 60 Целзиусови степени, просечно 48 степени, со многу влажност до 90 степени и киселост. Во нив нема светлина, па секој организам кој преживува мора да биде способен да врши хемосинтеза, односно да се одржува со обработување на камените минерали.

Камо што оценуваат во National Geographic, во вакви услови, неподготвен и без опрема човек, ќе умре по половина час.

Резултатите од истражувањето, како што наведува National Geographic, сé уште не а минале процедурата на рецензирање, така што овие податоци треба да се земаат со одреден скептицизам. Од друга страна, пак, можноста да се оживеат микроби чијашто старост се проценува на неколку десетици илјади години, „не се чини неверојатна“, смета микробиологот Брент Кистнер од Универзитетот Флорида. Тој претпоставува дека микробите можеле да живеат во целосна изолација од надворешниот свет толку долг период, хранејќи се со своите изумрени „роднини“./крај/мф/сн

 

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *