Откриени седум планети, три можат да бидат погодни за живот

Откриени седум планети, три можат да бидат погодни за живот

Неодамна откриената ѕвезда TRAPPIST-1 во соѕвездието Водолија е матица на седум планети аналогни на Земјата, од кои на три од нив се наоѓаат во центарот на „зоната на животот“ и најверојатно поседуваат вода и густа атмосфера, се истакнува во написот објавен во списанието Nature, по откритието на научниците од американската агенција за вселенски истражувања NASA.

 

„До откривањето на системот TRAPPIST-1, ни беа познати само четири реално планети слични на Земјата, коишто можевме да ги проучуваме: Земјата, Марс, Венера и Меркур. Сега тој број е зголемен на седум и ние можеме да ги проучуваме не за пет до десет години, туку веднаш. Може да ги очекуваме дека првите вести за нивните карактеристики веќе наредните седмици и месеци. Историјата на TRAPPIST-1 само што започна“, го коментира откритието Мишел Жилон, астроном од белгискиот универзитет Лиеж.
Седумте сестри

Во мај минатата 2016 година астрономите од американскиот универзитет MIT објавија дека откриле крајно необичен ѕвезден систем кој го означија како TRAPPIST-1, оддалечен од Земјата само 40 светлосни години во насока кон соѕвездието Водолија. Тогаш беше објавено дека три од планетите кои орбитираат околу црвеното џуџе, се наоѓаат во ткн „зона погодна за живот“, каде што може да има присуство на вода во течна форма, а нивната маса најверојатно може да се спореди со онаа на Земјата.

Подоцна научниците го проучуваа спектарот на ѕвездата TRAPPIST-1, кои минал низ воздушната обвивка на планетите на патот кон Земјата, и сфатија дека станува збор за карпести планети слични на Земјата, а исто така нашле знаци за присуство на вода, кислороди јаглерод диоксид во атмосферите. Сепак, не сите астрономи биле уверени дека во постоењето на тие планети, истакнувајќи дека периодичните намалување на сјаењето на ѕвездата, поради којашто тие биле откриени, можеби потекнуваат од невидливите за научниците светлосен сателит на TRAPPIST-1.  

Жилон и неговите колеги ги проучувале својствата на овие планети, набљудувајќи го ѕвездениот систем со помош на телескопот TRAPPIST во Чиле и со орбиталниот телескоп „Спитцер“.

Како што истакнуваат научниците, тие претпоставуваат оти лесно може да добијат информации за размерите, масите и составот на атмосферите на планетите, благодарејќи на малата оддалеченост на TRSPPIST-1, ѕвезда за којашто велат дека е тивка и нејзините мали димензии, го олеснува набљудувањето на сенките од планетите на нејзината површина.

Таквите набљудувања всушност и довеле до неочекуваното откритие. Се покажало дека всушност не се три планети, туку седум, од кои на шест од нив се наоѓаат во „зоните погодни за живот“. Благодарејќи на високата резолуцијана телескопите и продолжените набљудувања планетолозите првпат успеале многу точно да ги измерат и дијаметарот и масата на шест од седумте планети и да добијат некои податоци за составот на нивните атмосфери.

Загатката на петтата планета

Сите планети според димензиите се слични на Земјата, нивните радиуси изнесуваа од 0,7 до 1,08 од радиусот на нашата планета, а масите од 0,41 до 1,38. Соодветно на тоа, густината на површната или малку под неа, укажува на нивната карпеста природа, или за тоа дека тие се ткн планети океани.

За разлика од Земјата, седумте планети се вртат во многу тесна орбита околу TRSPPIST-1, а годината на нив треба од еден и пол ден до околу две седмици. А последната планета о системотTRAPPIST-1h,, е околу четири пати поблиска до ѕвездата, отколку што Меркур се приближува до Сонцето.

Притоа, речиси на сите планети би требало да владеат услови слични на Земјата или на оние на Марс со средни температури на површината од околу нула до 20 до 30 степени. Само двете први планети не го следат овој тренд, температурите на нив надминуваат 70 до 100 степени Целзиусови, што веројатно ги прави повеќе слични на Венера отколку на Земјата.

Доколку станува збор за веројатноста за развој на живот, на тоа во прв тренд претендираа трите централни планети означени со d, e и f. Според Емори Трио од Астрономскиот институт во британски Кембриџ, најголеми шанси за појава на живот на нив има на планетата TRAPPIST-f, чијашто клима е доволно мека и постудена за тоа на неа да постои вода и организми.

Точниот одговор на ова прашање може да дојде многу брзо, според мислењето на Трио, некои карактеристика на климата на планетата f и нејзините сосетки ќе бидат познати уште во текот на следните години, а првите веродостојни податоци на нејзината погодност за развој на живот може да станат познати во „текот на оваа деценија“.

 

Дали сме сами во Велената?

Можноста за постоење живот на овие планети, како што признава Жилон, може да влијаат де необични својства на системот TRAPPIST-1. Според него, сите планети се со многу висока веројатност се зафатени од гравитационите сили на ѕвездата, поради што секогаш се свртени кон неа со едната страна. Тоа може негативно да влијае врз климата на самата планета и да ја направи речиси непогодна за живот.

Исто така, самите планети се наоѓаат во ткн орбитална резонанца. По правило, оваа појава е резултат на гравитационата заемно дејствување на небесните тела, којашто доведува до стабилизацијата на нивните орбити и појава на строга математичка зависност меѓу периодите од нивните ротации. На пример, Сатурн и Јупитер се синхронизирани според ваквиот урнек, така што за две сатурнски години Јупитер прави точно пет кружења околу сонцето

Таквите процеси, како што појаснува белгискиот планетолог, може да ги загреат внатрешностите на планетите од системот TRAPPIST-1 и да предизвикаат моќни вулкански блесоци, слични на оние кои се јавуваат на Јо, сателитот на Јупитер., Овој фактор, исто така, би влијаел на благопријатноста за појава на форма на живот, иако тешко е дефинитивно да се каже во позитивна или во негативна конотација.

Откритието на семејството од седумте планети во TRAPPIST-1, продолжува Жилон, сепак не дозволува да се зборува за тоа, колку често во нашата галаксија може да се сретнат повеќепланетни ѕвездени системи, идентични а Сончевиот систем или слични нему.

 

„Тука станува збор за релативно редок тип ѕвезди, едни од најстудените и мирни објекти во Млечниот пат. Ние не очекуваме аналозите на Сончевиот систем може да се јават кај таквите ѕвезди, тие едноставно немаат доволно материјали за да се создадат кај нив големи планети, слични на Јупитер или на Сатурн. Затоа ние сé уште не откривме аналог на Сончевиот систем кај црвените џуџиња, и најверојатно нема да најдеме“, појаснува научникот.

Доколку се зборува за ѕвездите, слични на Сонцето, податоците од телескопот „Кеплер“ и другите телескопи, вели Жилон, покажуваат дека сличните системи се исклучително ретки. Според неговите процени, само 10 отсто од планетарните системи на ваквите ѕвезди слични по структурата на Сончевиот систем. Статистика за точна процена за ваквата можност, засега нема, но белгискиот научник е уверен дека Сончевиот систем е многу ретка и речиси уникатна појава за Галаксијата, Системите, слични на TRAPPIST-1, би требало да се среќаваат сé почесто.

Во секој случај, TRAPPIST-1 има првично високи шанси за појава на живот, бидејќи овие ѕвезди живеат десетици и стотици пати подолго од нашето Сонце и другите релативно големи светли тела. Научниците сметаат дека Сонцето одамна ќе биде згаснато, кога TRAPPIST-1 уште нема да излеза од своето „детство“, што дава големи шанси на можноста за појава на живот на нив во иднина или веќе во минатото./крај/мф/сн