Телескопот Хабл овековечи умирање на ѕвезда

Телескопот Хабл овековечи умирање на ѕвезда

Научниците со помош на вселенскиот телескоп „Hubble“ имаа можност да го фотографираат процесот на умирање на ѕвезда и нејзино претворање во планетарна маглина, а е објавена на сајтот на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Фотографијата на маглината OH 231.8+04.2, или позната како „Расипано јајце“, е пример како една ѕвезда, во овој случај црвен џин, се трансформира во планетарна маглина. Притоа, надворешните слоеви на ѕвездата, кои се состојат од гасови и прашина, се испуштаат во околното пространство. Исфрлената материја се движи со голема брзина, на пример, брзината на гасовите кои се прикажани на фотографијата со жолта боја, достигнуваат приближно милион километри на час.

Астрономите истакнуваат дека е овековечена фазата од еволуцијата на ѕвезда, што претставува голем успех, бидејќи овој феномен се случува практично моментално, во крајна линија во далечните космички пространства. Целосната планетарна маглина, според мислењето на научниците, се формира од остатоците од една ѕвезда во текот на илјада години.

Маглината позната како „Сматок“ (расипано јајце) го добила своето име бидејќи содржи големи количества сулфур, кој со водородот формира водород сулфид, поради што гнилите јајцата испуштаат непријатен мирис. Овој астрономски објект се наоѓа во соѕвездието Крма на оддалеченост од 5.000 светлосни години од Земјата./крај/мф/сн