Умре Томас Старзл, еден од пионерите на трансплантација на органи

Умре Томас Старзл, еден од пионерите на трансплантација на органи

Американскиот лекар Томас Старзл, еден од пионерите на транплантацијата на органи, почина на возрест од 90 години, објави во неделата неговото семејство.

Старзл починал во саботата во неговиот дом во Питсбург, градот во кој е универзитетот на кој тој работеше.

Старзл ја изврши првата успешна трансплантација на црн дроб во светот во 1967 година, како и првата симултана операција на срце и црн дроб во 1984 година.

Покрај тоа, учествуваше и во развојот на имуносупресиви, лекови за превенција на отфрлањето на органите, кои овозможија многу поширока примена на трансплантацијата на органите./крај/мф/сн