МАКФАКС

‘Играчките’ за возрасни побезбедни од детските

‘Играчките’ за возрасни побезбедни од детските
24.01.2017, 08:11

Сексуалните играчки содржат помалку опасни хемикалии од детските играчки, објави во понеделникот Шведската агенција за хемикалии.

Во 2015 година споменатата агенција открила опасни хемиски супстанции, вклучително и олово, во 15 отсто од прегледаните детски играчки во Шведска.

Истовремено, во секс играчките имало само 2 процента од забранетите супстанции,што ги прави овие производи побезбедни од детските играчки, во смисла на изложеност на хемикалиите.

„Тоа е многу изненадувачки… Ова е првпат да спроведуваме таква анализа“, изјави за AFP Фрида Рамстром, инспекторка од агенцијата.

Тешко е со точност да се утврди поради што детските играчки имаат повеќе опасни хемикалии, но Рамстром вели дека тие главно се увезуваат од Азија, каде што се ниски стандардите за безбедност на производите.

Кога станува збор за сексуалните помагала,„тие производи се користат во непосредна близинана телото, па се избираат посигурни хемикалии“, додава./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *