МАКФАКС

Научниците открија човек кого пушењето ги спасило од анемија

Научниците открија човек кого пушењето ги спасило од анемија
18.02.2017, 09:11

Парадоксално, но пушењето се покажало како полезно за здравјето на еден жител на Германија, заболен од анемија, кај кој јаглерод моноксидот кој се содржи во чадот од цигарите помогнал неговиот организам да ја потисне болеста, се наведува во студијата објавена во специјализираното списание Journal of Biological Chemistry.

 

„Овој маж не би можел да стане спортист, бидејќи неговата крв не била способна да пренесува поголеми количества кислород, но пушењето го спасило од развојот на анемијата. Тука има уште еден дополнителен плус – носителите на таквата мутација се необично отпорни на труењето со јаглероден моноксид“, пишува Џон Олсон од Универзитетот Рај со американски Хјустон.

Според статијата на Олсон, историјатот на ова откритие датира со започнувањето на третманот на млада девојка во клиниката во германскиот град Манхајм Пациентката се жалела на општа слабост и постојани проблеми поради ниското ниво на хемоглобин во крвта.

По испитувањето на нејзината ДНК, научниците откриеле во генот HBA1, кој во себе ги содржи инструкциите за собирање на молекулите на хемоглобинот, што е ретка мутација, што резултирало во структурата на протеините да се промени само една аминокиселина – молекулот на хистидин бил заменет со леуцин.

Промената на 58-та аминокиселина во хемоглобинот, според биолозите, довела до тоа протеинот да е мошне чувствителен на кислородот. Центарот на протеинот при контакт со молекулот на кислородот се распаѓа на делови, што резултира хемоглобинот да ја изгуби својата способност за нормално пренесување на кислородот.

Ваквото откритие ги изненадило научниците, бидејќи таквите мутации обично се пренесуваат преку наследување на гените од родителите на децата. Сепак, родителите на девојката, кои се доселиле во Германија од Турција пред неколку децении, никогаш немале проблеми со анемија и слабокрвност. Меѓутоа, кога научниците ги анализирале примероците од нивните ДНК, мутацијата се наоѓала во геномот на таткото на пациентката.

Се поставило прашањето, зошто тој не страдал од анемија? Причината за тоа се покажала многу едноставна – мажот многу и често пушел, што го заштитило неговиот хемоглобин од разградување.

Суштината е во тоа што оваа мутација го прави хемоглобинот за речиси 85 илјади пати повеќе чувствителен на друга молекула, којашто се содржи во големи количества на чад од тутунот – јаглерод моноксид. Јаглерод моноксидот за другите луѓе претставува отров, бидејќи се врзува со хемоглобинот многу посилно од кислородот, и фактички го задушува човекот однатре.

За луѓето, пак, со опишаната или слични мутации, јаглеродниот моноксид претставува своевиден лек, а не отров. Тој го стабилизира хемоглобинот и му овозможува барем делумно да ги извршува своите функции, а не да се разгради во контакт со кислородот. Оттаму, пушењето било полезно за здравјето на таткото на девојката, и тој дури и не знаел за присуството на ретката мутација во неговата ДНК: Но, затоа, пак, кај неговата ќерка непушач предизвикал големи негативни ефекти.

Притоа се поставува и уште едно прашање: дали треба да пушат и другите луѓе кои страдаат од сличните проблеми? Како што сметаат научниците, не е задолжително тоа да се прави, туку наместо тоа да се земаат големи дози антиоксиданси коишто ќе го заштитат хемоглобинот на сличен начин. Од друга страна, како што признаваат научниците, повременото пушење ќе им наштети на ваквите лица многу помалку отколку на другите жители на планетата. /крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *