Хуман подвиг на EgyptAir, пренесе на лекување жена тешка половина тон

Хуман подвиг на EgyptAir, пренесе на лекување жена тешка половина тон

Египетската воздухопловна компанија успешно ја транспортираше на лекување од Египет во Индија жената чијашто телесна маса достигнува 500 килограми, соопшти во петокот „EgyptAir“.

Летот бил изведен од египетскиот пристанишен град Александрија до индиската метропола Мумбаи со товарен авион од типот „Airbus 300-600“ специјално модифициран и опремен, бидејќи обичен патнички авион не доаѓал предвид, поради тоа што морале да бидат обезбедени и специјални медицински услови.

Лекарите и персоналот извеле единствена операција на транспортирање на патник на лекување, се додава во соопштението.

Жената тешка половина тон од домот до аеродромот била превезена со товарно возило со високи страни за специјалната болничка постела. Во авионот била подигната со товарен лифт, а во кабината на леталото, креветот била зацврстен за подот. 

Кабината на авионот претходно била опремена со специјална медицинска опрема, бидејќи за пациентката во тешка состојба била неопходна интензивна терапија. Жената во текот на летот била придружувана од нејзината сестра и медицински тим, составен од лекари и техничари.

Во соопштението на „EgyptAir“ се истакнува дека ова е уникатна операција изведена во историјата на воздухопловството.

Неколку часа подоцна индискиот весник Hindustan Times објави дека оваа 36-годишна Египќанка по име Иман Ахмад Абдулати, е примена во болницата „Сајфи“ во Мумбаи.

За трагичната приказна на жената првпат прилог во октомври минатата година направи телевизијата Al Arabiya, за која докторите состојбата на Иман ја опишаа како ткн „слонова болест“ или елефантиазис и „заменски жлезди“. Жената доживеала мозочен удар и останал врзана за постелата.

Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлекло вниманието на индискиот лекар Муфазал Лакдавала, кој е специјализиран за баријатриска и лапароскопска хирургија, и се понудил да ѝ помогне на Имана. Побарал од индиското министерство за надворешни работи да помогне во подготовката на документацијата за жената, бидејќи таа имајќи ја предвид состојбата не можела да се јави лично во конзулатот на Индија во Александрија. Но со интервенцијата на шефот на дипломатијата Египќанката добила уредна индиска виза.

Лекувањето на Абдулати ќе трае повеќе од еден месец. Прво ќе бидат направени редица наоди, по што ќе бидат изведени неопходните оперативни зафати. Притоа, операцијата ќе биде изведена во неколку фази, со интервали меѓу нив, за да се осигури дека Египќанката успешно и без компликации ќе ги поднесува хируршките зафати. Лакдавала очекува дека трошоците за лекувањето на несреќната жена ќе бидат покриени со доброволни прилози, за што тој поведе иницијатива на сајтот change.org.

Шефицата на индиската дипломатија Сушма Саварџ веќе одговори на веста за пристигнувањето на Абдулати во Мумбаи и ѝ посака успешно лекување. „Лаквадала ме извести дека Иман Ахмад пристигна од Мумбаи од Египет за операцијата. Ѝ пожелувам успешна операција“, напиша министерот на Twitter,.

Лаквадала возврати со благодарност до Свараџ истакнувајќи дека „ѝ дала на Иман втора шанса за живот“./крај/мф/сн