Контакт

Здравје

Најдолговечниот човек на планетата го прослави 146-от роденден

Објавено пред

Индонезиецот М’бах Готхо или познат и како Содимеџо, на чијашто лична карта пишува дека е роден на 1870 година, на 31-ви декември 2016 година го прославил 146-от роденден во мало село во индонезиската покраина Јава,а на љубопитните им порачува дека клучот на долговечноста е во трпението.

dobivaj vesti na viber

Матичната канцеларија на покраината Јава потврди дека податоците за раѓањето на М’бах Готхо се точни. Досега титулата на потврдено највозрасното лице на светот, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.

Готхо, кој роденденот го прославил со внукот Сурјанта и сопруата Суварни, наводно ги надживеал сите десет браќа и сестри, четири претходни сопруги и многу од своите дева, пишува британски The Independent..

Скромната прослава со семејството и соседите е одржана во неговиот дом во селото Сраген. М’бах Готхо се насмевнувал додека му ја пееле роденденската песна, а според локалните медиуми, успеал одеднаш да изгасне со дување сите три свеќички со бројки 1,4 и 6 на роденденската торта.

Кога претходните години го прашуваа да им ја каже тајната на долговечноста, Готхо одговорил „Единствен рецепт е трпението“. На новинарите им раскажувал дека за смртта почнал да се подготвува уште во 1992 година, кога нарачал да му направат надгробна плоча, но и 24 години по тоа уште е жив.

Минатата 2016-та за регионалната телевизиска мрежа изјави д„Всушност сеега сакам да умрам“. Од неодамна Готхо не може сам да ја одржува хигиената, а членовите на семејството му помагаат при ранењето, бидејќи е сé послаб. Внуците велат дека најмногу време минува слушајќи радио, бидејќи видот му е преслаб за да гледа телевизија.

Во светот има уште неколку лица коишто, го надминале рекордот на Жан Калмент, како што е Нигериецот Џејмс Олофинтуји кој вели дека има речиси 171 година и Етиопјанецот Дакабо Ебе кој наводно има 163 година, но без документи кои можат тоа да го потврдат и без официјално признание.

Кон средината на јули 2016-та Н’гујен Ти Чу, 123-годишната Виетнамка, којашто беше сметана за највозрасната жена на планетата, почина во јужниот виетнамски град Хо-Ши-Ми. Н’гујен Ти Чу официјално се сметаше за најстарата жена на Земјата од 2015 година, кога тоа го потврди Академијата за светски рекорди (WRA). Во податоците за идентификација на Чу се наведува дека таа се родила на 4-ти мај 1893 година. Во 2011 година виетнамската организација „Рекордите на Виетнам“ ја прогласи Н’гујен Ти Чу за најстарата личност во земјата. Четири години подоцна нејзината долговечност беше призната и на светско ниво кога WRA ја призна за најстарата личност на светот.

Кон средината на мај 2016-та, пак, Геронтолошката истражувачка група објави дека почина 116-годишната Сузан Машат Џонс, која беше прогласена за најстарата личност на планетата според Гинисовата книга на рекордите. По смртта на Џонс, сега најстара личност на светот е верификувано од Гинисовата книга на рекордите е, исто така, 116-годишната Ема Морано Мартинуци од Италија.

Носител на титулата најстар човек на светот со 117 години верификувано од Гинисовата книга на рекордите, пред Џонс му припаѓаше претходно на Јапонецот Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.

Меѓутоа, на крајот од април 2015 година Виетнамката Н’гујен Ти Чу, тогаш со 122 години, беше потврдена како најстарата жена на светот, според директорот на Гинисовата книга на рекордите, со што таа официјално ја презема „титулата“ од Јапонката Мисао Окава којашто почина на 1-ви април 2015 година на возраст од 117 години, а само седмица подоцна почина и Американската Гертруд Вивер, којашто со своите 116 години на кусо беше најстара жена и воедно личност на планетата.

По деталното проверување Н’гујен Ти Чу од градот Хо-Ши-Мин, официјално на 20-ти април 2015 година беше прогласена за најстариот жител на планетата Земја. Родена 1893 година, Чу во своите 40-ти години го родила своето најмладо дете, синот кој во 2014 година починал на 72 години.

На 11-ти јуни 2014 година беше објавено дека Кармело Флорес, кој според боливиските власти беше најстариот човек на планетата, починал во 124 година од животот во болница во Ла Паз. Кармело Флорес, припадник на домородната индијанска заедница Аимара, официјално е роден на 16-ти јули 1890 година. Живеел на надморска височина од 4.000 метри во зафрленото селце Фраскиа, западно од Ла Паз, во близина на езерото Титикака, хранејќи се со житарките кои успеваат на Андите и пиејќи исклучиво изворска вода. Селскиот лекар, Адалберто Сегалес истакна тогаш дека старецот „боледувал од дијабетес”, како и дека последниот период му се влошила здравствената состојба. Зад себе остави син, 14 внуци и 39 правнуци.

Кон крајот на јули 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.

Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук на една старица, објави дека починала најстарата жена на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата. Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот./крај/мф/сн

Здравје

Лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања

Објавено пред

Знаеме дека добриот сон е неопходен за добро здравје, особено за здравјето на срцето. Истражувањата покажаа дека лошиот сон може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Но, дали знаевте дека положбата во која спиеме исто така игра улога за здравјето на срцето?

dobivaj vesti na viber

„Спиењето на левата страна може да предизвика суптилни промени во положбата на срцето. На некои луѓе им е дури и непријатно да спијат на левата страна, особено ако имаат срцева слабост или неодамна им бил вграден пејсмејкер“, вели кардиологот Леонард Ганц за Prevention.

Позицијата на спиење може да влијае и на одредени симптоми.

„Палпитацијата и абнормалните отчукувања на срцето може да бидат позабележителни кај некои луѓе штпо лежат или спијат на левата страна. Сепак, не е јасно дали лежењето на левата страна ги зголемува шансите за развој на аритмија и дали тоа влијае на прогресијата на болеста“, додаде д-р Ганц, цитиран од хрватски „Индекс“.

Затоа кардиологот ги советува оние што чувствуваат некакви промени во работата на срцето при лежење на левата страна да изберат поинаква положба.

Оние што страдаат од рефлукс на киселина или гастроезофагеален рефлукс, од друга страна, може да имаат корист од спиењето на левата страна, според лекарите.

Во овој момент нема доволно истражувања за да се докаже која положба на спиење е најдобра за здравјето на вашето срце ако веќе немате срцеви заболувања. Најважно е добро да се одморите.

Она што е познато е дека лежењето на грб може да го влоши пулмоналниот едем кај луѓето со конгестивна срцева слабост. Некои луѓе со срцева слабост велат дека им е потешко да дишат кога лежат или спијат на левата страна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Просечното шише вода содржи 240.000 парчиња нанопластика, која предизвикува рак – 100 пати повеќе отколку што претходно се мислеше

Објавено пред

Пластичните шишиња со вода содржат стотици илјади токсични микроскопски пластични честички, открија нови истражувања.

dobivaj vesti na viber

Британски „Дејли мејл“ објави дека наодите, најверојатно, ќе го шокираат секој што преминал од чешма на пакувана вода верувајќи дека е подобро за здравјето.

Пиењето вода од шише може да значи дека го загадувате вашето тело со мали парчиња пластика за кои научниците стравуваат дека може да се акумулираат во вашите витални органи и да предизвикаат непознати здравствени импликации.

Нанопластиката веќе е поврзани со рак, проблеми со плодноста и со вродени дефекти.

Научниците што користат најнапредни техники за ласерско скенирање просечно пронајдоа 240.000 пластични честички во шише вода од еден литар во споредба со 5,5 на еден литар вода од чешма.

Истражувачите на Универзитетот во Колумбија тестираа три популарни бренда на шише вода продадени во САД – и користејќи ласери, ги анализираа пластични честички што ги содржеа на само 100 нанометри во големина.

Честичките – нанопластика – се многу помали од микропластиците претходно откриени во пакувана вода.

Сепак, честичките се сметаат за потенцијално токсични бидејќи се толку мали што може да влезат директно во крвните клетки и мозокот.

Овие микроскопски честички носат фталати – хемикалии што ја прават пластиката поиздржлива, флексибилна и подолготрајна.

Прикажи повеќе...

Здравје

Нутриционист: Три докажани начини да го забавите процесот на стареење, првите ефекти за две недели

Објавено пред

Британската нутриционистка Габриела Пикок изјави дека со правилна исхрана им помогнала на многу луѓе од високото општество да ги забават знаците на стареење за само две недели.

dobivaj vesti na viber

„Науката е јасна дека сите ние имаме моќ да направиме едноставни промени што го менуваат животот на подобро, без оглед на генетската предиспозиција“, вели Пикок, која работела со членови на британското кралско семејство, како што се принцезата Јуџин и принцот Хари.

Авторката, чија книга „2 недели за помлад ти: тајни за подолго живеење и фантастично чувство“, беше објавена на почетокот на оваа година, рече дека е сосема природно што многу луѓе прибегнуваат кон нездрави навики во исхраната.

„Но, сите ние имаме потенцијал да го промениме ова“, изјави таа за „Сан“.

Без оглед на нашата возраст и здравје, Пикок тврди дека никогаш не е доцна да ја промените брзината на стареење и да ги прифатите енергијата и силата на вашето помладо јас.

Според нејзиното мислење, доволно е да се применат овие три работи и доволно е да се забави процесот на стареење, а првите ефекти ќе се видат по две недели.

Избегнувајте шеќер

Иако можеби е тешко да се замисли ако сте љубител на шеќер, таа советува дека намалувањето на шеќерот не само што е добро за целокупното здравје туку може и да го забави стареењето.

Како што дополнително објаснува, шеќерот води до хронично воспаление во телото, кое е еден од најлошите непријатели во процесот на стареењето.

Јадењето шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина, но, како што истакнува Пикок, вашата енергија и нивото на хормоните ќе влијаат на тоа како изгледате и се чувствувате.

Внесувајте разни хранливи материи

„Се разбира, урамнотежената исхрана помага во целокупното здравје, но некои хранливи материи имаат супермоќ против стареењето“, рече таа.

Заедно со антиоксидансите, омега-3 масните киселини, всушност, може да ги намалат брчките со хидратација на кожата и промовирање на еластичноста. Јадењето мрсна риба како лосос е одличен трик.

За уште поголема еластичност на кожата, Пикок вели дека колагенот, кој може да се најде во немасните протеини и супата од коски, е исто така неопходен.

Топло-ладно туширање

Екстремните температури може да бидат исклучително добра техника против стареењето.

Пикок вели дека има многу такви начини, вклучувајќи пешачење или вежбање на отворено во зима или ладната вода на крајот од туширањето.

„За да си ги олесните работите, зошто да не пробате неколку секунди ладна вода на крајот од туширањето?“, препорача таа.

„Се обидувам да се истуширам со ладна вода една-две минути пред да се префрлам на топла“, изјави таа за „Њујорк пост’.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет4 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија4 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион4 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија19 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија20 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија22 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија23 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија23 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...