Контакт

Daily news

Проблеми со косата за време на бременоста и по породувањето

Објавено пред

Косата е украс на секоја жена, а исклучок не е бремената жена и младата мајка. Иако повеќето бремени жени и млади мајки ќе речат дека се грижеле за својата коса дури и повеќе од порано, сепак ќе искусат проретчување и истенчување на косата кое се доживува како едно загрижувачко искуство. Некои жени ќе раскажат дека состојбата на нивната коса се подобрила за време на бременоста а некои дека таа се влошила. Кај поголем процент на жени таканаречениот телоген дефлувиум или ексцесивно губење на коса се случува еден до 6 месеци после породувањето.

dobivaj vesti na viber

Губење на косата за време на бременоста
За време на бременоста постои зголемено ниво на естрогени хормони. Естрогените хормони ја одржуваат косата во фаза на раст и стимулираат нова продукција на влакна. Тоа е причината што повеќето жени имаат погуста, посјајна и поцврста коса во овој период. Но ете некои трудници нема да го имаат тоа задоволство да искусат прекрасна коса за време на бременоста. Но тоа е исто нормално, иако не е вообичаено. Ако сепак проретчувањето на косата Ве загрижува, посетете дерматолог, можеби со внесување на правилна комбинација на витамини и минерали ќе се стабилизира состојбата.

Губење на косата после породување
Најчесто проретчување на косата се случува во првите шест месеци од породувањето. Ова е резултат на смалување на нивото на хормони кои се враќаат на нормално ниво, а со тоа и хормонски стимулираниот раст, одмносно стимулираните влакна отпаѓаат и косата се враќа во состојба како пред бремноста. Во најголем број случаи таа се номализира во следните 6-12 месеци. Сепак состојбата може да биде алармантна за младата мајка бидејќи може да почне поинтезивно да опаѓа односно да предизвика поголеми полиња без коса и чешање на кожата на скалпот. Во тој случај дерматологот треба да препорача безбеден третман за младата доилка кој би помогнал во поттикнување на нов раст на влакна.

Други причини кои го потенцират овој проблем?
Сите други причини непосредно пред или после бременоста може да го потенцираат проблемот со паѓањето на косата. На пример прекин на пилули за контрацепција, абортус или несакан прекин на бременост, хормонски дизбаланс. Сите овие состојби се јавуваат поради промена на естрогениот хормон во организмот и каде што ќе треба да се прима хормонска терапија препишана од специјалист гинеколог.

Има ли место за паника?
Состојбата на проретчување на коса секако не е пријатна но нема место за паника. Во голем број на случаи после неколку месеци состојбата се нормализира односно престанува опаѓањето и проретчувањето на косата. Ако мислите дека не можете да се справите со тоа посетете дерматолог. Дерматологот ќе Ви препорача да направите контрола на крвната слика. Ако имате недостаток на железо тоа е јака причина за една ваква состојба и во бременост и после породување и секако ќе Ви биде препорачана соодветна доза на препарати со железо. Неопходно е потребно да се испита и функцијата на тиреоидната жлезда па ако има отстапка да се корегира со соодветни препарати за да се стабилизира состојбата.

Што да се направи за време на бременоста и по породувањето, а тоа да биде безбедно за мајката и детето?
– Избегнувајте да ја тегнете косата во репови, плетенки и слично бидејќи е тоа дополнителен стрес за косата
– ако треба да ја фенирате употребувајте фенови со ладен воздух
– влакното е фрагилно кога косата е мокра затоа не ја чешлајте тогаш или сторете го тоа нежно со чешли со широки запци
– употребувајте благи шампони или по препорака на дерматолог спрема моменталната состојба
– додадете комбинација витамини и минерали за поддршка на влакното
– витамин б-комплекс, биотин, витамин Ц, витамин Е, цинк (но само во препорачана доза од лекар)

Дали одредена исхрана помага во спречувањето или намалувањето на опаѓање на косата?
Превентивна улога има исхрана богата со овошје и зеленчук која содржи доволна количина на флавоноиди и антиоксиданти кои може да обезбедат заштита на влакнениот фоликул и да го поттикнат растот на влакното.

Дали кратењето на косата ќе го намали паѓањето?
Кратењето на косата нема директно влијание за престанок на опаѓањето на косата. Но со кратењето се отстрануваат испуканите врвови и косата изгледа повитална.

Кои видови на третмани ги нуди ординација Д-р Анчевски против опаѓање и колку време после породување може да се применат истите?
После извршен преглед се утврдува дали е потребно некое дополнително испитување и поткрепа со соодветен препарат за пиење. Се препорачува линија за нега која се прилагодува према состојбата на косата односно дали е таа мрсна, сува, многу сува. Во пакетот за дома покрај шампон и маска се препорачуваат капки за раст и капки за нега на влакното.

Третманите кои се изведуваат во ординацијата се комбинација на соодветни маски и средства кои помагаат при престанок на паѓањето и ласерски третмани за стимулација на раст. Третманите се безбедни и во бременост и после породувањето и може да се отпочне со истите веднаш по појавата на проблемот. Циклус од неколку третмани ќе покаже одличен ефект и ќе ја нормализира состојбата.

Д-р. Анета Кокалеска-Петрушевска
спец. дерматолог
ординација Д-р Анчевски
www.ancevski.com.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија9 минути

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија14 минути

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди...

Македонија25 минути

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија5 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија5 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија9 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија11 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет12 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија12 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет12 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет13 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија22 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...