Кликнете на бројката за да ја видите епизодата.
makfax

Афера Банки

серијал од мини-документарни филмови на „Макфакс“ за измамени македонски фирми од неколку банки.

1

Блиски луѓе на управните и надзорните одбори на банките, иако не смееле, самите на себе преку фирми си одобрувале кредити. Случајот со „Кубус“ го истражуваат две обвинителства и финансиската полиција.

Гледајте епизода 1

2

Полицијата направила мапа како меѓу себе се поврзани банкарот и пријавените управители на фирмите. Оштетените тврдат дека перењто пари било овозможено преку кредити кои тие ги земале за со парите да им дадат заеми на фирми кои воопшто не ги знаат.

Гледајте епизода 2

3

Во еден ден парите од кредитот се вртат на неколку сметки. Од лице поврзано со банката, парите легнуваат на фирма која не е поврзана. Оттаму парите завршуваат повторно кај лица кои се роднинско, капитално и управувачки поврзани со банката.

Гледајте епизода 3

4

Кичевец купил фирма во стечај. Го намамиле да земе кредит преку новоотворена фирма. Тој под хипотека ги ставил сите погони и недвижности. Фирмата не го враќала кредитот, но затоа правела анекси и го проширувала. Банката ја активирала хипотеката и му го одзела целиот имот.

Гледајте епизода 4