Контакт

Крвав четврток

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

Објавено пред

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа. Една камера има оддалеку, и тоа матна“, на што Крсто Мукоски му одговара со порака со содржина: „Ми кажа човекот, ама не е лошо некако да се слушнеш со мојот колега што вчера беше кај тебе. Тој е отиден на разговор кај еден друг човек што треба да ја потврди целата ситуација и да гарантира дека е така како што кажуваш. Треба да се укаже на сериозноста на целата работа. Пиши ми кога ќе имаш инфо“.

Неколку часа подоцна Мукоски повторно му испраќа порака: „Извини, те малтретирам, има ли нешто ново“, на што Вељаноски одговараа дека не се видел со човекот, но: „Така е“ мислејќи на тоа дека ништо не се гледа од камерите кај вратите во Собранието.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

Објавено пред

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот Душко Лазаров.

Алексовски е вработен во МВР, како началник за јавен ред и мир и превенција во Бирото за јавна безбедност. Во неговото сведочење објаснуваше каква била организацијата и процедурата за командана одговорност за настаните од 27 април. Сведокот рече дека листата на ангажирани припадници на МВР во оперативниот тим се сменила пред настаните на 27 април. Првин биле 17 членови, а потоа останале само 6.

Обвинителката Вилма Рускоска му поставуваше прашања на сведокот за да го дискредитира и рече дека не бил сосема запознаен со Упатството во МВР за златна, сребрена и бронзена команда, особено со членот 20 од тој документ. „Ако стигнала наредба од министерот за внатрешни работи, дали членовите на оперативниот тим мора да постапат“, праша обвинителката.

Алексовски рече дека има систем на хиерархија и дека наредбата од министерот може само да се пренесе. „Дали може да заклучам дека немате поим што се случувало на 27 април?“, праша Рускоска.

Тој потврди дека четири дена пред настаните во Собранието зел годишен одмор, а го викнале вечерта на крвавиот четврток во 21.30 часот и дошол за половина час.

Сведокот го испрашуваа и обвинетите Александар Василевски Нинџа и Митко Чавков.

Денеска треба да сведочат и сведоците на обвинетиот Горан Ѓошевски, меѓу кои експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Дополнителни сведоци предложија и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предложи да сведочи пратеникот Зијадин Села.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Објавено пред

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, го праша сведокот какви наредби издавал Чавков на 27 април по телефон во „Технометал Вардар“, а потоа и во оперативниот штаб на МВР. На ова Димитриевски рече дека воопшто не се сеќава.

По ваквиот одговор на Димитриевски, судијката Кацарска го праша сведокот како може еден професионалец со искуство да не се сеќава на наредба и команда од директорот.

„Како може да сте професионалец и долгогодишен вработен во МВР, а да не се сетите на ниту една команда“, праша Кацарска на што Димитриевски одговори дека тоа е така бидејќи поминал поголем временски период од настанот.

За време на сведочењето, Димитриевски во ниту еден момент не кажа конкретно што наредувал Чавков, туку само дека разговорите биле поврзани со настаните во Собранието.

Виктор Јованов

 

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Нинџа до обезбедувањето на Чавков: Не сте го чувале добро вашиот претпоставен

Објавено пред

Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа по сведочењето на обезбедувањето на ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, Никола Димитриевски, на сведокот му кажа дека не го чувал доволно добро својот претпоставен бидејќи Чавков бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за време на упадот во Собранието, а тој не го знае тоа.

„Не сте го чувале добро вашиот претпоставен. Чавков од 18 часот и 20 минути до 19 часот и 15 минути беше на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече обвинетиот Василевски.

Претходно, обезбедувањето на Чавков изјави дека тој заедно со Чавков во 19 часот при упадот во Собранието биле во „Технометал Вардар“ во помошната канцеларија на поранешниот директор на БЈБ од каде телефонски издавал команди на началниците од МВР.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток11 минута

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија24 минути

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија1 час

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет4 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија19 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија21 час

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток23 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија24 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Досие