Контакт

Крвав четврток

Судската полиција најде солзавец кај роднина на обвинет за крвавиот четврток

Објавено пред

На продолжението на судењето за крвавиот четврток, кое почна во 20 часот и 15 минути, судската полиција пронашла солзавец кај роднинa на еден од обвинетите.

Судијката Добрила Кацарска рече дека поради тоа, на Спасовска ќе ѝ биде забрането да
присуствува на сите идни рочишта. „Тоа лице не смее да се појави повеќе на судењата“, рече судијката.

Потоа во судот исказ почна да дава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Претходно, приближно 2 часа сведочеше премиерот Зоран Заев.

Крвав четврток

Локвенец, Атанасов, Ибрахим и Кузмановска ќе сведочат што виделе при упадот во Собранието

Објавено пред

27 april sudenje nasilstvo sobranie

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоците продолжува судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април. Денеска пред 33 обвинети, нивните адвокати, судиите, oбвинителите и јавноста, треба да сведочат Енес Ибрахим, Петар Атанасов,  Катерина Кузмановска и Хари Локвенец. Со оглед на досегашната динамика на испитување на сведоците, се очекува рочиштето да трае до доцна во ноќта.

На следното рочиште на 19 септември ќе треба да сведочат Ферид Мухиќ, Курто Дудуш, Душица Мрѓа… Обвинителството предложи 36 сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“ Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети, меѓу другите, се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР, Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски Ќосето, Александар Василевски-Нинџа, Митре Питроповски…

Судијката Добрила Кацарска која го суди предметот закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Објавено пред

Оливер Спасовски

Вие знаете дека имаше настани на 24 декември 2012 година и тие настани не беа истражени и за нив немаше никаква судска постапка. Сето тоа придонесе да има настани и на 27 април, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по неговото сведочење во кривичниот суд за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Тој рече дека очекува дека судот ќе донесе исправна одлука. „Очекувам исправна одлука заради доверба во институциите и доверба кај граѓаните дека има некој што ги штити во оваа држава“, рече Спасовски.

Министерот рече дека воопшто не е пријатно чувството во судницата. „Чувството е многу непријатно во еден момент кога се наоѓате во една ситуација како пратеник во највисокиот законодавен дом да гледате како државата дозволи да се рушат институциите на системот и притоа да бидат вмешани структури од политички партии и од МВР. И денеска кога истите тие луѓе ги гледам, а со некои од нив сме поминале повеќе време заедно во Собранието, чувството воопшто не е пријатно. Меѓутоа овој процес мора да заврши заради доброто на Македонија, да има одговорност и повеќе вакви случаи да не се повторат“, рече Спасвоски.

„Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, му рекол еден од напаѓачите на Оливер Спасовски

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

„Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, му рекол еден од напаѓачите на Оливер Спасовски

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на сведочењето доцна вечерва во кривичниот суд за крвавиот четврток, рече дека напаѓачите фрлале со сè што ќе стигнат: сталки, летви, кабли, дрвени предмети…

Се присети дека ги видел бате Геле и Игор Југ во прес-центарот во Собранието. „Бате Геле со слика на Мијалков викаше: ‘Ќе ве убиеме’“. Тој рече дека полицијата била како на концерт и не уапсила никого.

Спасовски рече дека критичниот ден околу 22 часот, еден од присутните, по информацијата од новинарката Душица Мрѓа дека претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи прес-конференција му рекол: „Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, на што Спасовски му возвратил дека е луд, зашто самиот тој очекувал да ги изнесат во мртовечки сандаци.

Тој се присети дека лицата со фантомки слободно се шетале и по потреба ги ставале и ваделе фантомките кои ги чувале во џебовите. Рече дека на Љупчо Николовски, тогашниот пратеник му висело парче од кожата од удар, а исто така и дел од усната на еден од членовите на неговото обезбедување. Тој лично имал фрактура на носот и крварел.

„Не сакавме да одиме во клиничкиот центар, зашто ако можеа да влезат во Собранието, тогаш сигурно немаше да бидеме заштитени и дојдовме во зградата на СДСМ и тука ја дадоа медицинските екипи нивната помош со шиење и слично“, рече Спасовски.

Додаде дека имал чувство на беспомошност, страв и згрозеност дека државата т.е. полицијата не ги заштитила.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура15 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ16 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија17 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија18 часа

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет18 часа

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија19 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет19 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news1 ден

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести2 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион2 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие