Регион
Мета ја осуди одлуката на изборната комисија, го повика Рама на дијалог
Албанскиот претседател, Илир Мета, ја осуди одлуката на албанската изборна комисија за одржување на локалните избори на 30 јуни повикувајќи ја владејачката коалиција на чело со Социјалистичката партија на Еди Рама да седнат зад предговарачката маса и да не спроведуваат, како што рече, имагинарен процес на гласање, пренесе АП.
Претседателот Мета изјави дека преговорите за членство на Албанија во Европската Унија нема да бидат отворени ако во земјата в недела се одржат локални избори, без опозицијата која бојкотира.
Изборниот колегиум составен од пет судии вчера донесе одлука локалните избори да бидат одржани во земјата според првичниот план на 30 јуни одбивајќи да ја прифати уредбата на претседателот за одложување на изборите поради актуелната политичка криза.
Мета одложувањето на изборите го образложи со стравување дека гласањето би било недемократско без учество на опозициските партии и нагласи дека во таков случај постои можност за граѓански немири.
Албанскиот премиер, Еди Рама, инсистира изборите да бидат одржани на 30 јуни, а одлуката на претседателот Мета за одложувањето на изборите ја оцени како антиуставна.
На вчерашниот состанок албанската обединета опозиција на чело со Демократската партија на Љуљзим Баша го потврди ставот за бојкот на изборите порачувајќи дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори.
Тие наведоа дека против владејачката хунта оправдан е секој вид отпор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.