Контакт

Афера „Банки“

(Видео) Аферата „Банки“ заврши во СЈО

Објавено пред

Инволвирани од бомбите може кривично да одговараат за аферата „Банки“. Oва следува откако финансиската полиција доставила дел од предметот во специјалното јавно обвинителство. Пет години редовното Обвинителство се мислеше што да прави со овој предмет.

Првата кривична пријава за компанијата „Кубус“ заглави во фиока. Сегашниот обвинител во СЈО, Трајче Пеливанов, првин заклучил дека нема криминал во дејстивјата од пријавата на МВР, па обвинителката Мимоза Илиќ од Вишото јавно обвинителство го поучила дека донел преуранета одлука и дека истрагата мора да ја продолжи. Потоа Пеливанов наредил вештачње.

Пријавувачите се убедени дека обвинителката Лидија Раичевиќ која ја забрза предистрагата, под влијание била сменета само за да не ја заврши предистражната постапка. Сега предметот го работи обвинителката Ивана Трајчева. Во кривичната пријава на над 100-ина страници стои Бирото за јавна безбедност, до Обвинителството пријавило перење пари, измама и злоупотреба на службената положба и овластување.

Претседателката на „Транспаренси Интернешанл Македонија“, Слаѓана Тасева смета дека државата не смее да молчи за аферата „Банки“, туку треба да го гони криминалот. Во одговорот кој Комерцијална банка го достави за аферата „Банки“ потенцираа дека секаде банката постапувала законски. Но, иако уште од самиот почеток побаравме интервју и конкретни одговори на прашањата, таков одговор не добивме. Директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, во неофицијален телефонски разговор наодите на пријавувачите ги нарече глупости и конструкции и дека за секој денар има кредитно барање, договори и кредитна анализа.

Пријавувачите на аферата „Банки“ формирале здружение на граѓани наречено „Кордон“. Уверени се дека со предистрагата на финансиската полиција и СЈО правдата ќе излезе на виделина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Афера „Банки“

(Видео) Одговор на Комерцијална банка за обвинувањата во аферата „Банки“

Објавено пред

Од Комерцијална банка одговорија на обвинувањата на засегнатите сопственици на фирмите што ги изнесоа своите ставови во серијалот „Банки“. „Макфакс“ на почетокот од серијалот испрати конкретни прашања до Комерцијална банка и понуди простор за интервју, но од банката одлучија да не одговорат ниту на едното ниту на другото, туку да состават одговор кој интегрално ви го пренесуваме.

Прикажи повеќе...

Афера „Банки“

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Објавено пред

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со фалш потпис преку неговата сметка, „Комерцијална банка“ перела пари. Исиров за „Макфакс“ раскажа дека сè почнало на 13 февруари 2009 година кога тогашната „Инвест банка“ со која немал деловни односи, му отворила сметка и ѝ одобрила на неговата фирма кредит од 60 милиони денари за увоз на маслото „Флориол“. Тој тврди дека ниту потпишал барање за кредит, ниту на банката ѝ дал бизнис-план, ниту знаел дека парите му легнале на сметка.

Парите, како штовели, не останале на сметката во „Инвест банка“, туку истиот ден биле префрлени на неговата сметка во Комерцијална банка. Истиот ден, вели Исиров, парите иако биле во сопственост на „Еуротрејд“ без одобрение, „Комерцијална банка“ ги прераспределила на нејзината потсметка. Три дена потоа, „Комерцијална банка“ ѝ одобрила нов кредит на сметката на Исиров во истиот износ за отплата на првиот кредит од „Инвест банка“ со рок на враќање повторно од 10 дена.

Испративме прашања до „Комерцијална банка“. Конкретни одговори не добивме. Од банката одговорија дека немаат намера преку медиуми да се расправаат со фирми или поединци чии односи со банката се деловна тајна. Од „Комерцијална банка“ одговорија дека на ниедна фирма или поединец немаат одобрено кредит без соодветно барање, одлука од надлежен орган и потпишан договор со странката.

Од банката прашаа зошто досега странката не покренала или не добила соодветна обвинителна или судска пресуда за ваков измислен случај. Но, Исиров случајот со „Комерцијална банка“ го пријавил во финансиската полиција која води предистражна постапка.

Сите делови од аферата „Банки“

Прикажи повеќе...

Афера „Банки“

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Објавено пред

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата. Брачната двојка Адил и Сехаре Мустафа обвинија дека директори во УНИ банка со измама и перење пари им ја одзеле болницата, која била нивна приватна инвестиција.

Болницата требаше да биде првата приватна болница во Тетово и Тетовско, со 5.000 квадратни метри и над 100 соби. Оштетените го пријавиле случајот, освен во Обвинителството, и во финансиската полција, од каде што сè уште се надеваат на позитивен исход. Од УНИ банка изјавија дека работеле според законот и дека надлежни органи вршат контрола над работењето на банката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа...

Свет20 минути

Бекамови станаа милијардери: објавена е листата на најбогати Британци

Фудбалерот Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој стана милијардер, додека браќата Ноел и Лиам Галагер од бендот „Oejzis” за...

Спорт36 минути

Вардар е шампион на Македонија

Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во...

Македонија50 минути

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Свет1 час

(Видео) Британски воен аналитичар: Дури ни „Сатана“ нема да може да го спаси Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште...

Свет2 часа

Медиумите во ЕУ за средбата Трамп-Џјинпинг: Борбата за светска превласт продолжува

Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и...

Македонија2 часа

Савески- Палминтери: Италија подготвена да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на...

Македонија2 часа

„Вреди“: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори...

Свет2 часа

Путин: Економските мерки на владата почнаа да даваат резултати

Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да...