Контакт

Анализи

Државниот удар и пропаста на весниците, за убиецот на кучиња и да не зборуваме

Објавено пред

Лесно е човек да се прави паметен во убави времиња. Во Македонија такви, да не се лажеме, никогаш немало што пак може да не донесе до неубав заклучок дека е многу тешко да кажеш нешто мудро во тешки, свирепи и мрачни мигови, односно во единствените кои овдешниот граѓанин ги познава и на кои има право да се сеќава. Такви се, што да се прави, единствено што можеме, од вчера до утре преку денес да разликуваме се ситните промени во тонот на црната боја која некогаш малку како да добива и белуздрава нијасна, а понекогаш е ужасно, дијаболично темна, како оние борови во германските шуми од чии стебла, велат, наместо смола тече црна човечка крв.

Сега, еве токму денес велам, повторно сме фрлени во тој ураган од најтемни црнила и не верувам дека постои човек во државата кој поседува елементарна логика и макар потпросечна свест, а со страв да не се прашува до каде ли, аман, дојдовме? Во Македонија имаше државен удар, сите се сложуваат околу тој факт. За еден дел од популацијата тој започнал со „велепредавството“ на СДСМ и албанските партии кои, без да почекаат да се исцрпи расправата, одлучија на „малку неконвенционален“ начин да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. За други, државниот пуч сепак започнал претходно во Претседателската вила на Водно, а кулминираше кога насобраната маса ги проби слабите полициски кордони, влета во Собранието, го прогласи за „ослободено од пучисти“ и ги развеа македонските државни знамиња, додека една група што дедовци и баби, што поприлично подготвени момци со качулки, ги демонтираше главите на социјалдемократските првенци и го претепа речиси до смрт провокативниот алијансен пратеник Зијадин Села. Има и мал процент од граѓаните кои веројатно ќе ви речат дека сето тоа заедно е само гола борба за власт на две криминални банди, но тие персони се во ужасно мал број и нивното мислење, се разбира, никој не го зема сериозно во обзир. Битни се првите две групи, преовладувачките парадигми, смелоста или очајот на нивните водачи, сметките во банка, ангажираните извршители, обезбедената помош и поддршка од странство, подготвеноста да се „оди до крај“ и способноста да се купат за мали пари ужасно осиромашените човечки души. Тоа е се. Потписникот на овие редови имаше таква среќа да го следи одблизу пучот во „Домот на демократијата“, одблизу да ги погледне искривените од бес лица во разгневената толпа, но и лицата на Заев, Манчевски, Џафери, Шилегов додека ги примаа ударите со сталаци, шишиња и гајтани, стиснати во еден агол на просторијата број 34, на спратот над пленарната сала, каде во нормални околности се држат здодевни и неинвентивни партиски пресконференции. Го виде и црвениот, исплашен лик на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој исто така добиваше удари и пцовки додека грчевито се обидуваше да ја задржи побеснетата орда во намерата дефинитивно да ги порамни сметките „со предавничките елементи“ во македонското национално ткиво.  Можеше таму да се забележат и преплашените очи на дел од моите колешки, како и збунетиот фацијален израз кај полициските службеници, но во целата таа задушлива, пренапната, речиси хистерична атмосфера убедливо најочигледно беше она чувство дека Рубиконот е преминат и дека повеќе нема враќање назад. Македонија нема да биде каква што беше до четвртокот попладне без разлика дали ќе имаме нова влада, нови избори или нова граѓанска војна, просто, собранискиот спектакл не’ донесе како држава во нов стадиум од постоењето, или уште подобро од преживувањето, во кој цената на опстанокот ќе биде толку голема што, можеби, оние што ќе се пробијат нема да бидат сигурни дали тоа воопшто им се исплатело.

А во овие, по се изгледа, судбоносни мигови, пропаднаа „Вест“ и „Утрински“. Рокнаа, потонаа, го отсвиреа своето. Дали поради непоколебливата логика на пазарот или поради неспособноста на вработените, или поради некои политички играрии, или поради сето тоа заедно, не е толку важно. Останува голата вистина дека стотина образовани и квалитетни медиумски работници отпаднаа од трката и сега ќе мораат да бараат нов тим за да се вратат во лигата, ако воопшто некој сака да ги прими дури и како замени, или пак, по толку години „паламудење“, сакале нејќеле ќе треба да се преквалификуваат во трговци поединци, продавачки, молери или таксисти за да можат како така да преживеат. Притоа, нема да биде ни малку чудно ако во таа и таква авантура наскоро им се придружат уште цел куп нивни колеги што од другите печатени медиуми, што од оние кои ги гледаме на тв екраните меѓу две турски серии или ги слушаме во паузите меѓу две песни додека со автомобилот се пробиваме низ хаосот на скопските намачени булевари. Така оди тоа, државни удари и пропаднати медиуми, некогашната Југословенска република, порaнешната Вардарска бановина, здодевната турска покраина Румелија, Самоиловата држава на војници слепци го бара своето место под сонцето потоната во општа сиромaштија, евидентен неред и каузална беда. Тоа не е некаков проблем, ние сме родени материјално сиромашни и најверојатно такви ќе си заминеме на небесата, но ќе биде многу тажно ако продолжи и оваа душевна мизерија што се влече по нас како сенка, бидејќи таа сосем спонтано ладнокрвно и вешто може да не убие. Како оној будала со секира кој среде бел ден го уби кучето пред запрепастените минувачи и пред гостите во локалниот кафе бар. Го убил кучето зaшто многу му лаело! Веројатно очекувал да мука или да блее – ама кучето глупаво, не му одело по меракот и продолжило да лае па манијакот „го оверил“ со секирчето.

Во бесмислениот и неверојатно суров потег на нашиот сограѓанин како да се огледува целата бесмисла на овие исклучително опасни времиња во кои со црно, поцрно од нормалата, ги пишуваме секојдневните апсурди и гревови за да им останат како предупредување на некои идни, можеби попаметни и подобри генерации. Она што сепак ме теши е дека за чудо има и такви што не се откажуваат од нормалноста. Му отидоа на убиецот на несреќното животно пред врата за да се бунат и да лаат. Да лаат велам. За да знае дека времињата сепак се менуваат и дека за секирата ќе мора да одговара. Кога тогаш. На овој или на оној свет. Како и сите ние впрочем, што молчиме и бленеме во празно додека крвта на кучето во леплива локна се шири на плочникот.

Драган Милосављевиќ

 

 

Анализи

(Видео) Груевски: Не ги знам аргументите и доказите за разрешувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања денеска пред судот на паузата за судењет за „Титаник“ изјави дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата во партијата кои се случија изминатите денови кога високи државни и партиски функционери беа исклучени од партијата по изгласувањето за потребата од уставни промени за кое гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер вчера не се појави на прославата на ВМРО-ДПМНЕ, по ова прашање тој изјави дека добил покана, не не можел да отиде на истата.

Груевски пред новинарите исто така изјави дека ќе ги искористи сите правни можности за одлагање на казната, но, како што рече, живееме во ненормално време. „Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека одлуките се политички“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Daily news

Италијанците на избори: Вечниот Берлускони, комичарот Грило или умерениот Ренци

Објавено пред

Илегалната миграција, економијата и односите со Европската унија (ЕУ) годинава се во фокусот на италијанските парламентарни избори кои ќе се одржат во недела, а на кои се очекува да гласаат повеќе од 40 милиони Италијанци.

Според последните анкети, повеќето од граѓаните на четвртата најголема европска економија се уште се неодлучни околу тоа како треба да биде изгледа новата италијанска влада.

Опции има повеќе, но она што им се нуди на италијанските граѓани во моментов не е ништо поразлично од претходните изборни циклуси години наназад, со исклучок на порастот на популизмот и се поголемата антимиграциска политика.

Анкетите покажуваат дека поддршката за поголемите партии и коалиции се сведува на или околу 30 проценти – па така коалицијата помеѓу десничарите на популарниот Силвио Берлускони, Форца Италија, и регионалната Северна лига има поддршка од 35 проценти, а веднаш зад нив се наоѓа Движењето „Пет Ѕвезди“ (М5С) со близу 30 проценти. Најслабо, пак, котира актуелната владејачка Демократска партија на поранешниот премиер Матео Ренци со 27 отсто.

Факторот Берлускони и сојузот со популистот Салвини

И покрај низата сексуални и политички скандали со кои се соочи во последните години (можеби и децении), на возраст од 81 година, Силвио Берлускони повторно станува фактор во италијанската политика – благодарение на тоа што во моментот Италијанците го перцепираат како „помалку лоша опција“ од останатите.

Силвио Берлускони (Фото: ЕПА)

Поради тоа што беше осуден за даночна измама, самиот Берлускони не може да има никаква функција до 2019 година, но од Форца Италија за Макфакс велат дека неговата личност се уште има огромно значење за иднината на земјата.

„Сите велат дека се разочарани од страна на владата на Ренци, дека не им веруваат на М5С и на Салвини, така што веројатно Берлускони е помалку лош од останатите. Сега, личноста на Силвио Берлускони е важна за Италија поради тоа што тоа влијае врз иднината на италијанската политика, и е гаранција за стабилноста на земјата, а исто така може да влијае и врз популизмот на Северната лига. Политиката на Берлускони може да претставува и решение за порастот на популарноста на Движењето М5С, кое според мене е најлошото можно сценарио за Италија.” објаснува Клаудио Бергамин, член на Форца Италија и кандидат на партијата во покраината Тревизо.

Клаудио Бергамин

Сепак, што се однесува до ставовите на Берлускони околу илегалната миграција, тука тој се наоѓа на иста линија со неговиот коалициски партнер и лидер на Северната лига, Матео Салвини. Проценките се дека во моментов во земјата има повеќе од 600 илјади илегални мигранти, а и Берлускони и Салвини сакаат истите што поскоро да ги испратат дома.

Кастелфранко е мал град во регионот Венето, на северот од земјата. Во него живеат околу 30 илјади жители, а моменталниот број на бегалци изнесува шест лица. Според градоначалникот на Кастелфранко кој доаѓа од редовите на Северната лига, Стефано Маркон, дури и оваа бројка на мигранти во негвиот град е преголема. Истовремено, тој исклучува секакво примање на нови мигранти.

Стефано Маркон

„Не сме подготвени да примиме нови мигранти поради тоа што како прво, тоа не е одлука која еден градоначалник може самостојно да ја донесе, и како второ, ова е нешто за коешто мора да одлучи владата. Градскиот совет не може да ги менаџира имиграциските политики. Исто така, треба да постои јасна разлика помеѓу бегалците и економските мигранти. Италија претрпе многу поради имиграцијата, пред се поради тоа што нема ефективно планирање и стратегија.“ потенцира за Макфакс градоначалникот на Кастелфранко.

Запрашани за ваквите ставови на нивниот коалициски партнер, членовите на Форца Италија не понудија директен одговор, туку само додадоа дека Берлускони и натаму останува гарантор на десничарската коалиција и нејзините идни политики, вклучително и оние во рамките на ЕУ.

Кастелфранко

„Тој е единствениот кандидат на овие избори кој има умерени ставови. Исто така би додал дека тој е гарантор за тоа дека десноцентристичката коалиција ќе ја води земјата кон безбедност на европско ниво. Во поглед на ЕУ, би рекол дека Форца Италија е еден од основачите на Европската народна партија (ЕПП) и ќе остане еден од главните партнери на ЕУ, верува во нејзините институции и во европската иднина на земјата. Но не можам да се однесувам дека во ЕУ не постојат проблеми, а излезноста на последните европски избори докажа дека италијанските граѓаните не ја перципираат ЕУ како решение и како можност за нив. Како одговорни политичари мораме да ја вратиме визијата за Европа како можност за луѓето, а тоа ќе го направиме преку промена на институционалниот и политичкиот систем. Мораме да бидеме сигурни дека Европската комисија ќе ги претставува граѓаните, што сега не е случај.“ вели членот на Форца Италија, Фабио Маџо.

Фабио Маџо

„Петте ѕвезди“ ја чекаат својата шанса да блеснат

Движењето „Пет Ѕвезди“ (М5С) е основано од страна на популарниот италијански комичар Бепе Грило во 2009, кој е и лидер во сенка. Лицето на партијата пак, е актуелниот 31-годишен лидер Луиџи Ди Мајо.

Главните „одлики“ на Петте ѕвезди се во неговиот евроскептичен, анти-естаблишмент и антиглобализациски карактер – нешто што во моментот му носи поддршка од околу 30 проценти. Основачот Грило често себеси се нарекува и популист, а членовите на Движењетo често потенцираат дека М5С не е политичка партија, бидејќи не припаѓа нити кон левицата, нити кон десницата.

Луиџи Ди Мајо (Фото: ЕПА)

Кон прашањето на илегалната миграција, Движењето има безмалку исти ставови како и неговите противници Форца Италија и Северната лига. Според пратеничката од редовите на М5С, Џулија Сарти, политичарите мора да изнајдат решенија за илегалната миграција кои првенствено ќе бидат соодветни за Италија.

„Илегалната миграција е криминал. Да можат нашите судови да депортираат некого, ако не знаат каде е тој? Сме имале судења на кои не присуствувал никој.

Неопходно е да најдеме решенија за имиграцијата кои ќе и одговараат на нашата земја.“ објаснува Сарти. Движењето не е против Европа, но е против „оваа Европа“, додава таа.

Џулија Сарти

„Не сме против Европа. Ние сме против „оваа“ Европа. Европа не треба се плаши од Движењето М5С. Тие треба да се плашат од тоа што ќе треба да се справуваат со кредибилни лица, кои сакаат резултати. Главниот проблем за Италија сега е Даблинскиот договор. Не можеме сами да се справиме со бегалците. На нашите комисии им требаат околу две години за да одлучат кој треба да добие азил.“ потенцира Сарти.

На европско ниво пак, Италија одамна го изгубено кредибилитетот и не е доволно силна за да се избори за себе, вели таа. „Би сакале да имаме референдумот за еврото, но ова не е референдум што може да се оддржи денес. Сакаме да разговараме со земји кои се слични ко нас – Португалија, Грција, и заедно да бидеме посилни.“ додава Сарти.

Падова

На изборите во 2013, Движењето доби најмногу гласови во изборите за долниот дом на Парламентот, но поради тоа што одби да формира коалиција , освои само 109 пратенички места од вкупно 630 и заврши на третото место. Сарти овојпат се надева на поинаков епилог, а доколку лидерот на Движењето, Ди Мајо победи на изборите, тој ќе стане и најмладиот премиер во историјата на земјата.

Стоте чекори на Демократската партија

Владејачката Демократска партија според анкетите котира најниско во однос на големите играчи на овогодинешните избори, со поддршка од околу 27 проценти. Во предизборната кампања партијата не настапи со изразит кандидат, па така многумина се уште ја поврзуваат со ликот и делото на поранешниот премиер Матео Ренци, кој по неуспехот на уставниот референдум во 2016 година поднесе оставка на функцијата.

Матео Ренци (Фото: ЕПА)

Главното мото на партијата во пресрет на изборите беше „Стоте чекори кои ги направивме, и стоте чекори кои ќе ги направиме“ – што е далеку од спектакуларна најава за тоа што би се променило во земјата доколку Демократската партија остане на власт. Во последните години, италијанската влада беше предводена од страна на три премиери кои доаѓаат од партијата: Енрико Лета (2013-2014), Матео Ренци (2014-2016) и актуелниот премиер Паоло Џентилони.

Успесите на Демократската партија за време на петгодишното владеење се сведуваат на намалување на дефицитот и јавниот долг, како и доследното спроведување на имиграциските политики, но без конкретни насоки за тоа каде и како би можела земјата да се движи во наредниот период.

„Во 2014 година овие имиграциски политики ги вклучивме во нашата политичка агенда и имаме една природна еволуција во однос на прашањето. Го имплементиравме овој дел од агендата и пристапувањето во целиот тој процес беше прашање на политичка волја. Тоа е и разликата помеѓу градоначалниците во регионот, и во овој случај претставниците на Северната лига се уште шират стравови поради примањето на бегалците.“ вели актуелниот министер за територијална кохезија од редовите на Демократската партија, Клаудио Де Винсенти.

Клаудио Де Винсенти

Според него, Демократската партија и натаму ќе става акцент на процесот на глобализацијата, и на создавањето на „низа правила преку кои овој процес не би се претворил во сила која создава несигурност“.

По последните избори во 2013 и европските избори во 2014, Демократската партија остана најголемата партија во долниот дом на Парламентот, Сенатот и Европскиот парламент, но според тоа што го нуди на овие избори, се чини дека работите за неа набргу би можеле драстично да се променат.

Младите знаат за кого нема да гласаат

За време на престојот во Кастелфранко, Макфакс имаше можност да поразговара и со неколкумина млади Италијанци, кои во недела за првпат ќе имаат можност да го искористат своето гласачко право.

За 19-годишните Алесандро, Индија и Сара, нивната иднина не лежи во Италија. Повеќе се чувствуваат како Европјани, отколку како Италијанци, и не сакаат уште долго да останат во како што велат, „конзервативната и затворена средина на Кастелфранко“.

Сите тројца велат дека ќе гласаат на претстојните избори, но дека се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас. Единственото нешто за што се сигурни, пак, е за кого нема да гласаат.

„За разлика од Балканот, каде што имам многу пријатели, тука младите не се фокусираат премногу на политиката. Се уште не знам кого ќе поддржам на изборите, но знам кого нема да поддржам“, вели Алесандро.

Околу тоа која е главната причина поради што би ја напуштиле Италија, велат дека тоа би го направиле најмногу поради нивото на образованието. Сакаат да бидат доктори, новинари и наставници, и сметаат дека во дел од останатите европски земји би добиле далеку поквалитетно образование, отколку во Италија. Политичарите треба најпрво да ги слушнат ваквите апели, а дури потоа да ги креираат своите изборни програми, порачуваат овие млади.

Бојан Стојковски

Прикажи повеќе...

Daily news

(ВИДЕО) „Макфакс“ во Сеул: Од работ на војна до надеж за обединување со Северна Кореја

Објавено пред

„Надеж за помирување, љубов и прошка“ – гласи една од речениците во описот на Статуата на браќата пред влезот во Воениот музеј во јужнокорејската престолнина Сеул.

Статуата со која е прикажана првата средба на бојното поле и прегратката помеѓу двајца браќа, јужнокорејски офицер и севернокорејски војник, на најдобар начин ја опишува трагедијата на корејскиот народ, кој од 1953 година живее поделен во Јужна и Северна Кореја.

Двете земји колку што се блиску една до друга толку се и длабоко поделени во секој сегмент од општествата во кои живеат. На статуата пред Воениот музеј поделбата на двете Кореи е претставена преку пукнатина во куполата на која стојат двајцата браќа – истовремено симболизирајќи ја и надежта на корејскиот народ за повторното обединување.

Соговорниците со кои „Макфакс“ дискутираше во поглед на обединувањето на двете Кореи беа исто така поделени – земајќи ги предвид моменталните односи помеѓу Сеул и Пјонгјанг, како и историскиот аспект на поделбата на Корејскиот Полустров.

По завршувањето на Втората светска војна и зачетокот на Студената војна помеѓу САД и Советскиот сојуз преговорите помеѓу тогашните сојузници и победници од војната не успеаја да доведат до формирање независна и обединета Кореја, дотогаш окупирана од страна на Јапонија.

Во 1948 година на југот на Корејскиот Полуостров, контролиран од страна на САД, беше воспоставена Република Кореја. На северот, пак, под контрола на тогашниот Советски сојуз, беше формирана Демократската Народна Република Кореја.

На 26 јуни 1950 година, поминувајќи ја прочуената 38. паралела, севернокорејската армија ја започна тригодишната братоубиствена војна на полуостровот, во која животите ги загубија повеќе од четири милиони луѓе. Речиси секој Кореец денес овој тригодишен период го доживува како трагедија на корејскиот народ и причина за настанувањето на „единствената поделена земја на светот“, велат нашите соговорници.

Двете страни во моментов технички се во војна, со речиси постојани тензии и меѓусебни провокации, предизвикани најчесто од страна на Пјонгјанг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој поради зачестените тестови на нуклеарни проектили и балистички ракети во последниот период е трн во окото на меѓународната заедница, особено на американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, колку е реална заканата од нова војна помеѓу двете Кореи, а со тоа и сеопфатна нуклеарна војна која би ги вклучила и големите светски сили? Според нашите соговорници во Јужна Кореја, шансите за ваков развој на настаните се доста мали, пред сè поради тоа што Северна Кореја провокациите најчесто ги користи како одбранбен механизам и начин да го привлече вниманието на светската јавност.

„Како што поминува времето чувствувам дека состојбата станува сè поопасна. Но, и покрај тоа, сметам дека не постои директна опасност од војна. Дел сум од армијата, постојано имаме вежби и сме подготвени. Сепак, не мислам дека тоа ќе се случи во наредниот период“, вели за „Макфакс“ еден јужнокорејски војник, кој посака да остане анонимен.

Во поглед на обединувањето на двете Кореи, пак, тој вели дека според него, тоа треба да биде процес кој ќе настане по мирен пат и без никакви жртви на двете страни. Сепак, потенцира дека познава и многумина кои не сакаат да дојде до обединување на Корејскиот Полуостров.

„Особено младите луѓе, на возраст од 20, 30 години, сметаат дека обединувањето не е толку важно бидејќи имаат сопствени проблеми во поглед на егзистенцијата и наоѓањето работа, така што тие и не сакаат да се жртвуваат премногу за Северна Кореја“, објаснува јужнокорејскиот војник за „Макфакс“.

Условите во кои денес поделениот корејски народ живее на двете страни од Корејскиот Полуостров се дијаметрално спротивни. Додека 50-милионска Јужна Кореја, која од почетокот на 60-тите години од минатиот век па до денес успеа од земјоделско да се трансформира во високоразвиено и индустриско општество, 23-милионска Северна Кореја доби статус на една од најизолираните и најзатворени земји во светот, позната единствено по нуклеарната програма и воените провокации кон Западот.

За 28-годишниот студент Даел Јанг токму околностите под кои двете земји се развиваа во изминатите 64 години се и најголема пречка за обединувањето на Корејскиот Полуостров, заедно со однесувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Јужна Кореја е развиена и напредна земја во споредба со Северна Кореја, која, пак, е сиромашна и нејзиниот народ страда поради политичките проблеми. Поради овие проблеми, тие сметаат дека обединувањето нема да донесе нови инвестиции и подобрувања во Северна Кореја. Поради тоа таму доминира негативното и агресивно размислување“, објаснува Даел за „Макфакс“.

Постојаните закани за војна, пак, се дел од одбранбениот механизам на Пјонгјанг, додава тој. „Тие само сакаат да наметнат опасна состојба и тоа е еден одбранбен механизам, како на пример преку агресивното однесување. Доколку состојбата се погледне реално, мислам дека таа сепак не е толку опасна“, вели Даел.

Според 34-годишната Џинџу Мишел Парк, нуклеарното вооружување на Северна Кореја не ги плаши луѓето во Јужна Кореја поради тоа што знаат дека сè што сака нивниот северен сосед да направи – е само да привлече внимание.

„Тие сепак се изолирани и се обидуваат преку заплашувањето со нуклеарното вооружување да привлечат некакво внимание. Но, луѓето во Јужна Кореја не се загрижени. На пример, сите странци што ги познавам ме исконтактираа за да ме прашаат дали тука сè е во ред поради нуклеарните тестови, но тука никој воопшто не е загрижен поради тоа“, вели Парк.

Решението за обединувањето на двете Кореи, пак, според неа е преку помирувањето и директните разговори помеѓу двете страни, без мешање на надворешните фактори.

„Она што е исто тажно е тоа што другата страна, бидејќи ние, сепак, сме еден народ, се обидува најсилно што може да го изрази својот гнев на разни негативни начини. Но, никој тука не се грижи поради тоа. Сметам дека треба да најдеме решение за двете земји да се обединат, но тоа да не биде направено со помош од надвор туку само помеѓу овие две страни. Главната причина за поделбата на нашите земји беше токму влијанието на надворешните сили“, објаснува Парк.

И додека светската јавност постојано е во исчекување на секој нов потег од страна на севернокорејскиот „ракетен човек“ Ким Џонг-ун, Јужнокорејците сето тоа го доживуваат сосема спокојно. Сепак, како што велат нашите соговорници, колку што се мали шансите за нова војна помеѓу двете Кореи, за жал, толкави се во моментов и шансите за нивното обединување.

Текст: Бојан Стојковски
Монтажа: Бојан Ефремов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања2 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија2 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток3 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија4 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија4 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток5 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет7 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија7 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа7 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет8 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија9 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија9 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија10 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија18 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија23 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија1 ден

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Досие