Контакт

Daily news

„Стабилократите на Балканот„ – што постигна Западот, како ги затвораше очите

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Oд благодарност што ги задржаа бегалците надвор од ЕУ, многумина од Западот ги затворија очите пред авторитарните владетели на Балканот. Така Европа купува мир, а балканските автократи – неказнивост, коментира Михаел Мартенс на страниците на “Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

 

Дојче Веле го објавува текстот под наслов рамнодушноста на Западот го потхранува авторитаризмот на Балканот.

 

Балканот не се само туристичка рута. Миграцискиот бран, во судбоносната 2015 година  за кратко го прикова вниманието кон Југоисточна Европа, но овој интерес претежно беше површински – тој беше насочен кон регионот само како транзитен пат за бегалците, но не и кон самите држави.

 

Кризата со бегалците уште еднаш не потсети на нешто што на секој му е јасно и е запознаен со географијата: балканскиот регион, за време на крвавиот распад на поранешна Југославија, го држеше светот без здив, но исто така е непосреден сосед на ЕУ. А, некои од балканските земји се дури членки на Заедницата.

 

Факт е дека она што се случува во југоисточниот дел на Европа, речиси секогаш има последици и за богатиот северозапад.

 

Некои европски политичари очигледно се задоволни кога балканските држави се задоволуваат со определената улога на бастион против миграциските текови, наместо да му создаваат дополнителни проблеми на Западот.

 

Македонија, Бугарија и Унгарија, навидум се  слуги на Западот, бидејќи овие земји можат да ги подигнат своите огради на  границите и практично да го отворат патот кон Европа.

Од благодарност за тоа во Брисел, а и во некои европски метрополи почнаа да се помируваат и со сомнителните политички лидери –  од сортата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Во името на стабилноста и сигурните граници Европа ги затвора очите пред авторитарните методи на управување и кршењето на правото.

 

 

Ризична стратегија

 

Оваа стратегија сепак крие ризици и е само делумно ефикасна. Точно е тоа дека т.н. балкански пат веќе не е така привлечен за мигрантите, како во Европската година на отворени врати – 2015 година

Но, овој пат и не е така сигурно затворен, како што претпоставуваат многумина.

 

Насекаде на Балканот се појавија цели мрежи за шверцување на платежно способни мигранти. Создавањето на овие мрежи стана возможно, бидејќи корумпираните политички елити од регионот, на пример во Македонија, и сами се збогатуваат од сообраќајот на бегалци.

 

Пред богатата Западна Европа овие елити им ветуваат дека ќе внимаваат на европските граници, а во замена за тоа можат да располагаат со својата земја односно да владејат како што им одговара.

 

И што се се случи? Токму во оние земји кои божем ги сочуваа надворешните граници на ЕУ, со знаење или дури со учество на државата се јавуваат како криминални структури, кои го прават она што веќе е познато – истите овие граници се порозни.

 

Во меѓувреме се етаблира нов концепт поврзан со земјите од регионот кои не се диктатури, но во името на некаква привидна стабилност, редовно потиснатите демократски и правни стандарди – ги нарекуваат  “стабилократи”.

 

Но, секоја стабилократија привремено е само стабилна. Тоа се виде во Македонија: паднатиот од власт автократ Груевски, кој се уште е популарен меѓу дел од населението, дури и по цена од опасност од судири тој не се запира, односно има цел само да остане на кормилото на власта.

 

Влогот за него очигледно е многу поголем – отколку една смена на власта која се одвива во нормалните демократии. Груевски има причина да се плаши дека може да биде гонет и осуден од истата ова политизирано судство, кој тој самиот го создаде. А, тоа ќе се случи, кога неговите противници целосно ќе ја совладаат контролата врз власта.

 

Какви партнери им треба на Европа

 

Ситуацијата во Србија – најголемата од седумте постјугословенските републики – е малку подобра отколку во Македонија, но исто така е алармантна. На победничките избори Александар Вучиќ освои реално мнозинство. Тој всушност е сакан од многумина свои сонародници. Веројатно тој би победил и на изборите без масовната поддршка на српските медиуми, но тоа сигурно немаше да биде уште во првиот круг.

 

Вучиќ меѓу населението протурка непопуларни структурни реформи кои веќе ги даваат првите плодови. Покрај тоа, тој вети дека ќе продолжи со реформите и ќе ја внесе земјата во ЕУ. За овие работи тој заслужува поддршка.

 

ЕУ сепак би требало да им помогне ако во случај Вучиќ се приближи кон авторитарните искушенија  и се апстрахира од проевропската реторика. Тврдењата дека Вучиќ и неговите политички противници ќе се свртат кон Русија, ако ЕУ започне премногу строго да  ја контролира земјата, се премногу претерани.

 

Како Вучиќ, така и мнозинството од српските избирачи многу добро знаат што може да им понуди Москва и најмногу – што не може да им понуди.

Затоа Европа треба да се остави да се исплашат од “рускиот дух”. Но е недопустливо да се прават отстапки во однос на минималните стандарди за демократија и правна држава. Партнери кои ветуваат стабилност, а всушност создаваат автократија, се опасни. Партнерите на ЕУ во регионот на Балканот би требало да се демократи, а не стабилократи. крај/мф/кс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија10 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија11 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија11 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија12 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија13 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија14 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија16 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија17 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија19 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија21 час

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....