Контакт

Анализи

Стратфор: Блиски исток – Диктаторите во неврат

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Снимките од самоповредувањата во Алжир, судирите помеѓу полицијата и демонстрантите во Јемен и Бахреин, смени на владата во Јордан и разбиени протести во Иран: сето тоа дава впечаток за домино ефект на Блискиот исток, во кој подостарените автократи се на работат да бидат соборени од револуционерниот жар инспириран од немирите во Тунис. Една внимателна анализа на немирите на Блискиот исток, сепак, даваат една многу поинаква слика.Многу од протестите кои избувнаа во овие земји имаат заедничка нитка и тоа е доволно да предизвика загриженост кај повеќето регионални режими. Високата невработеност кај младите, недостиг од политичко претставување, репресивни полициски држави, растот на цените се заедничките барања истакнати од демонстрантите ширум регионот. Поопширно речено, регионот се соочува со широка, јавна реакција на напластената корупција која се вкорени кај овие режими во изминативе неколку децении.Реакциите на режимите беа, исто така, слични: од разни субвенции, промени на владите (во повеќето случаи козметички) ветувања за повеќе работни места и изборни реформи и, во случајот на Египет, Јемен и Алжир, јавно отфрлање на нелегитимните планови за сукцесија на власта. Антирежимските демонстранти во повеќето од овие земји главно се судрија со насилници најмени од режимите, а коњицата на камили во Египет е најсликовит пример за оваа тактика. Иако, на прв поглед, ситуацијата се чини мрачна за овие режими, секоја од овие држави има свои, засебни специфики. Она што е заедничко за сите е дека претпоставената непробојност на безбедносните апарати и поддршката од армиите остануваат решавачки фактори за тоа во кој правец ќе тргнат сегашните немири.Египет: „Револуцијата“ на армијатаВо изминативе неколку дена, Египет не се соочи со народна револуција, туку со внимателно изменаџирано преземање на власта од страна на војската. Демонстрациите, кои во зенитот собраа помеѓу 200 и 300 илјади луѓе, во основа беа инспирирани од смената на режимот во Тунис, насобраните социо-економски фрустрации (невработеноста кај младите во Египет се движи околу 25 проценти) и екстремното разочарување од режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Мора да се има предвид дека кризата со сукцесијата на власта во Египет помеѓу Хосни Мубарак и армиската елита се одвиваше многу пред да започнат протестите на 25-ти јануари. Демонстрантите, охрабрени и од внатрешните и од надворешните продемократски групи беа, всушност, клучната алатка која армијата ја употреби за да го изигра Мубарак, а при тоа да го сочува поредокот. Засега, војската ја задржува позата како да е отворена за барањата на опозицијата. Сепак, со текот на времето јазот помеѓу опозицијата и армиската елита ќе се шири, како што вторите ќе сторат се за да го задржат стисокот врз политичките прашања на земјата, додека истовремено ја држат под контрола општоприфатената закана од исламистите. Тунис: Се уште не е готовоТунис мина низ една од најорганските „револуции“ во регионот. Годините на фрустрации од корупцијата и политичкиот и деловен монопол на режимот на поранешниот претседател Зине Ел Абидин Бен Али, високата невработеност на младите (проценета на околу 30 проценти кај оние на возраст помеѓу 15 и 30 години) и растечките режиски трошоци ги поттикнаа немирите. Самозапалувањето на еден образован млад човек, кој се обидувал да продава овошје и зеленчук за да преживее го означија почетокот на немирите и помогна да се разбие стравот кој апаратот на внатрешната безбедност го одржуваше со децении.Соборувањето на Бен Али и на неговото семејство и преструктуирањето на владата за сега го смирија поголемиот дел од оние кои ги предводеа немирите. Чувството на нормален живот полека се враќа, додека Тунижаните ги очекуваат се уште незакажаните избори, кои треба да се одржат во текот на 2011 година. Откако Тунис се избори за својата независност од Франција во 1956 година, партијата Уставен демократски собир (РЦД), која служеше како главен политички двигател на Бен Али, доминира со земјата. Оттаму, опозициските групи се со мало или никакво искуство во менаџирањето на политичките, а уште помалку на деловните прашања. Политичарите од РЦД веднаш реагираа со дистанцирање од името на Бен Али, во надеж дека ќе го задржат сопственото богатство и стисокот врз политиката, додека опозицијата и натаму останува неорганизирана и поделена. За разлика од Египет, исламистичката опозиција, предводена од претходно протераното раководство на партијата „Енахда“, во најголем дел останува на маргините. По се изгледа дека Тунис на крајот повторно ќе заврши со уште една влада доминирана од повеќето поранешни сојузници на Бен Али, но сега со демократско лице. Ова создава простор за нов бран на протести, со што се отвора и прашањето за мотивите на туниската армија. Војската се откажа од поддршката на Бен Али нецел месец откако започнаа протестите и само три дена откако тој ја повика да го врати редот на улиците на престолнината. Туниската армија, најверојатно, ќе се угледа на примерот на египетските колеги, кои сега го држат кормилото и како резултат на тоа, профитираат од масовното политичко и деловно будење на нацијата. Ситуацијата во Тунис и понатаму ќе остане неизвесна, а интервенцијата на армијата во подоцнежните фази не треба да се исклучува. Јордан: Прилагодлив пристапЈорданската опозиција, предводена од јорданското Муслиманско братство, бргу успеа да ги искористи немирите во Тунис и во Египет и да организира мирни демонстрации, во рамките на нивните тековни напори за обезбедување на изборни реформи и нови парламентарни избори. Хашемитската монархија, сепак, има многу повеќе искуство во прилагодувањето кон исламистичката опозиција. На политичкиот огранок на Муслиманското братство, Исламскиот фронт за акција (ИАФ) му е дозволено политичко претставување, иако не на ниво кое тие би го сметале за задоволително. Кралот Абдула Втори бргу дејствуваше при спречувањето на поголеми народни немири во земјата, со тоа што подели субвенции во вредност од повеќе милиони долари и со формирање на нова влада. И додека им прави отстапки на исламистите, кралот Абдула Втори внимава да не им попушти премногу на нивните барања, со што јасно става на знаење дека постојат граници на она за кое што има волја да попушти. Поранешниот генерал, а сега премиер на Јордан, Маруф ал-Бакит е на чело на новата влада. Неговиот кабинет, кој даде заклетва на 9-ти февруари, вклучува и некои политички фигури со исламистичка заднина. Иако ИАФ соопшти дека нема да учествува во новата влада и повика на нови избори, сепак изјави и дека ќе причекаат пред да дадат оценка за искреноста на новата влада за плановите за реформи, но и дека ќе продолжи со мирните демонстрации. Со други зборови, ИАФ е свесно за своите ограничувања и не се обидува да го собори режимот, што значи дека ситуацијата е главно под контрола. Во меѓувреме, опортунистичките водачи на неколку јордански племиња, кои традиционално го поддржуваат режимот во Јордан, неодамна одлучија да го кренат гласот против корумпираноста на режимот, со цел да изнудат некои отстапки додека ситуацијата е тензична. Јорданската влада брзо се справи со оваа ситуација, преку тивки отстапки за водачите на главните племиња. Бахреин: Борба со глобални импликацииДолготрајниот и жесток секташки конфликт помеѓу шиитското мнозинство во Бахреин и владејачката сунитска монархија ал-Калифа е движечката сила зад граѓанските немири во Бахреин. Бахреин беше првата од земјите на Персискиот залив која што се соочи со поголеми демонстрации, а демонстрантите се судрија со полицијата уште на самиот почеток на немирите. По дводневните демонстрации, предводени од шиитските опозициски групи, на 16-ти февруари беше извршен жесток напад врз демонстрантите на плоштадот „Перл“ во престолнината Манама, кои претходниот ден подигнаа камп за да преноќат.Барањата на поголемиот дел од демонстрантите првично беа насочени кон политичките реформи, но некои (иако не сите) постепено почнаа да бараат и смена на премиерот, па потоа дури и на кралот. Плоштадот беше расчистен и се распоредија силите за безбедност (преку 90% од припадниците на овие сили се сунити). Но, набргу кралското семејство попушти, на демонстрантите им беше дозволено да се вратат на плоштадот и започнаа преговори со претставниците на шиитската опозиција.Иако владејачкото сунитско семејство е малцинство во  земјата каде што мнозинското население е шиитско, сепак 54% од населението го сочинуваат странски работници кои забележително ги игнорираат граѓанските немири. Самото семејство ал-Калифа не е без искуство со народните немири и се чини дека има капацитет да се справи со нив, но настаните од последниот период значително ќе го отежнат менаџирањето на демографскиот дисбаланс во оваа малечка земја. Секташките тензии во Бахреин привлекоа големо меѓународно внимание, бидејќи земјата е битна стратешка точка во поширокиот конфликт помеѓу Саудиска Арабија и САД од една и Иран од друга страна. Бахреин е домаќин на американската Петта флота, додека Саудиска Арабија, од своја страна, стравува дека смена на режимот во корист на Шиитите ќе го поттикне шиитското малцинство во саудиската источна провинција да го следи примерот на соседите. Се чини дека иранските медиуми и дипломатските извори на STRATFOR во земјата прават концертирани напори за да ги прошират приказните дека саудиски специјални сили се испратени во Бахреин за да помогнат во сузбивањето на револтот на Шиитите. Таквите приказни се со цел Иран да добие оправдување да им помогне на бахреинските шиити, особено на Ал Вефак, главната шиитска опозициска група, со што би ја претвориле земјата во отворено бојно поле во битката помеѓу Саудиска Арабија и Иран. Иран, можеби, се обидува да го засили сунитско-шиитскиот конфликт во момент кога САД се премногу растргнати во регионот, со цел да си ги засили преговарачките позиции, но и Иран се соочува со свои проблеми дома.  Алжир: Зад протестите, борба за моќ Многу од социо-економските фактори кои ги засегнаа нејзините северноафрикански соседи, како Тунис и Египет, ги поттикнаа и немирите во Алжир (невработеноста кај младите се движи околу 20 проценти, а растечките цени на храната предизвикаа протести уште пред да почнат регионалните немири). Засега, главните протести се ограничуваат на просечно неколку стотици демонстранти, бидејќи безбедносниот апарат применува се пожестоки насилни мерки за сузбивање на демонстрациите во престолнината Алжир и на исток во регионот Беџаиа. И додека граѓанските немири ќе продолжат да го привлекуваат вниманието на камерите, вистинската борба во Алжир не се одвива на улиците. Борбата за моќ помеѓу се поизолираниот претседател Абдел Азис Бутефлика и началникот на Воениот директорат за разузнавање и безбедност (ДРС), генерал Мохамед „Туфик“ Медиен започна уште многу поодамна. По завршувањето на крвавата војна со исламистите во земјата, кои беа предводени од „Исламскиот фронт за спас“ (ФИС), Бутефлика дојде на власт во 1999 година како цивилен лидер. Тој одбра пристап кој беше мешавина од поволности за граѓаните и употреба на сила и ја стабилизираше земјата. Општо признаен како „главна сива еминенција“ во алжирската политика, Медиен е на сегашната функција од 1990 година и, оттаму, има „ставено шепа“ врз широка мрежа од политички, безбедносни, деловни и синдикални организации. Бутефлика во голема мера се потпираше на Медиен и при сузбивањето на исламистите и при намалувањето на армиското влијание во алжирската полиција. Претседателот наиде на проблеми дури кога се обиде да го прошири своето влијание на сметка на Медиен и неговите сојузници.Бутефлика, кој има 73 години, го освои третиот мандат во 2009 година, откако го укина ограничувањето од два мандата. Неговиот тековен мандат треба да истече во 2014 година, а веќе се шират шпекулации дека остарениот претседател тогаш власта ќе му ја препушти или на својот помлад брат или на актуелниот премиер, на што Медиен жестоко се противи. Оттаму, не е случајност што еден од главните организатори на демонстрациите, Сааед Саиди (етнички Бербер) е познат по одличните односи со Медиен (исто така Бербер). Повикот за поголеми права за Берберите, кои сочинуваат околу една третина од населението на Алжир, беше еден од главните двигатели на демонстрациите. Сепак, останува да се убеди и мнозинското арапско население да се вклучи во демонстрациите. Синдикатите, кои имаат огромна моќ во земјата и до сега во неколку наврати му ја виткале раката на Бутефлика со парализирачки штрајкови, со кои бараа поголеми ограничувања на странските инвестиции и подобри плати, исто така се клучен елемент за успехот на демонстрациите.Се на се, иако корените на граѓанските немири во Алжир се слични на оние во Тунис и Египет, младите демонстранти не се решавачкиот фактор кои ќе го одреди курсот на настаните во оваа земја. Се чини дека е дојдено времето Медиен да изврши притисок врз Бутефлика да ги прифати неговите барања за претстоечката сукцесија на власта. Исто така, треба да се следи и алжирската армија. Бутефлика има многу блиски сојузници, со кои може да му се спротивстави на Медиен, но постојат и голем број офицери со понизок чин, кој сметаат дека угледот на армијата е опаднат со доаѓањето на Бутефлика на власт. Претседателот се обиде да ги смири немирите со субвенции (потпомогнати од високите цени на нафтата) и со ветувања за ограничени политички реформи. Но тој најверојатно ќе мора се повеќе да се потпира на силата во борбата со демонстрантите и на тивки отстапки за синдикатите, додека истовремено ќе се обиде да се справи со поголемата закана која доаѓа од шефот на алжирското разузнавање. Јемен: нема одмор за Санаа Дури и пред избликот на немирите организирани од опозицијата, Јемен веќе се соочуваше со огромни предизвици, во смисла на создавање на работни места (невработеноста кај младите се движи околу 35 проценти, а севкупната стапка околу 16 проценти), на развој на економијата без „перничето“ од нафтени долари во кое уживаат неговите соседи, сузбивање на сецесионистичкото движење на југот и  бунтот на Ал-Хути на северот, додека истовремено се бори и против Ал каеда на Арапскиот полуостров, закана која е уште повеќе влошена од фактот дека симпатизери на џихадистите веќе се имаат инфилтрирано во јеменските разузнавачки и безбедносни служби. Откако ризикуваше последниве неколку месеци со тоа што направи ограничени отстапки кон главната опозициска коалиција „Партија на заеднички средби“ (ПЗС), предводена од исламистичката партија „Исла“, јеменскиот претседател Али Абдула Салех сега се соочува со секојдневни протести во престолнината Санаа и во градот Аден. Во обидот да и го одземе залетот на политичката опозиција, Салех објави дека нема да се кандидира за реизбор во 2013 година и ќе се откаже од амандманите со кои се укинува ограничувањето за бројот на претседателски мандати. Овие потези помогнаа да се намали незадоволството од тоа дека Салех ќе се обиде претседателската фотелја да му ја отстапи на неговиот најстар син Ахмед Салех, кој командува со елитната Републиканска гарда, последната линија на одбрана на претседателот. Салех исто така ги повика поголемите опозициски партии да оформат влада на национално единство, истовремено „под рака“ нудејќи им  голем број на отстапки. Овие отстапки, иако на прв поглед го прикажуваат Салех како слаб и политички ранлив, вродија со плод кога ПЗС на 14-ти февруари објави дека се повлекува од демонстрациите и ќе продолжи со преговорите со владата. Подоцна ПЗС се откажа и од тоа, бидејќи оценија дека сега е најдобриот момент да се изврши силен притисок врз актуелниот претседател. Големиот број на закани со кои се соочува режимот на Салех го ставаат Јемен во многу поризична ситуација од останатите држави кои се соочуваат со народни немири. Способноста на Салех да преживее ќе зависи од два клучни фактора:  племињата и армијата. Салех долго време беше многу ефикасен во интегрирањето на главните племиња во земјата и во одржувањето на лојалноста на армиската елита. Армијата се уште стои зад претседателот, но изворите на STRATFOR во Јемен посочуваат дека режимот станува се понервозен во врска со лојалноста на племињата. Иако протестите во Јемен се уште се ограничени, динамиката би можела да се смени ако ситуацијата додатно се влоши и луѓето почнат да ги преоценуваат своите проценки на способноста на Салех да преживее. Ако Салех стане премногу голем товар, веќе постои резервен план потпретседателот Абд Рабо Мансур ал-Хади, кој беше главен посредник помеѓу режимот и опозицијата, да ја преземе власта. Салех, за сега, се уште има некаква моќ, но неговата стега врз власта покажува сериозни знаци на слабеење. Сирија: задржување на „железната тупаница“Набргу по избивањето на немирите во Египет, младинските активисти на сириската опозиција (од кои повеќето се наоѓаат надвор од земјата), се обидоа да организираат свој „Ден на бесот“ преку социјалните мрежи и да го предизвикаат режимот на ал Асад. Како и во Бахреин, сириската владејачка елита се соочува со демографска дилема: елитата е составена од алавити, во земја во која сунитите се мнозинство. За среќа на режимот, демонстрациите, закажани за 4-ти и 5-ти февруари во градовите Дамаск, Хомс, Алепо и Ал-Ќамишли набргу самите издишаа. За демонстрациите немаше ниту доволен број на луѓе, ниту пак некој особен интерес. Дури и сириското Муслиманско братство, најверојатно сеќавајќи се на насилните последици од востанието во Хама во 1982 година, си остана на објавување на соопштенија со своите барања, наместо да ризикува со учеството во демонстрации. Сириските полицајци во цивилна облека набргу ги разбија оние неколкумина кои се појавија на закажаните демонстрации. Како и да е, се чини дека сирискиот режим сериозно ги сфати регионалните немири и не губеше време во „пумпањето“ на присутноста на безбедносните служби и во доделувањето на разни видови на субвенции, со цел да ги задржи под контрола евентуалните идни обиди за немири. Во едно од ретките интервјуа, претседателот Башар ал Асад за весникот Wall Street Journal истакна дека и тој ќе покрене реформи во политиката и во медиумите, со цел оваа година да се одржат и локални избори. Иако социјалните медиуми, како Facebook наголемо се славеа како катализатори на револуциите, сирискиот пример покажува како тие алатки функционираат и во корист на режимот. Сигурни во својата способност да ги задушат протестите, сириската влада во февруари  ја укина петгодишната забрана за користење на Facebook и на You Tubе и со тоа си ги засили капацитетите за следење на плановите на опозицијата уште додека тие ги создаваат. Иако и Сирија дигна узбуна на почетокот на бранот од немири на Блискиот исток, се чини дека земјата ги има сите алатки и капацитет да ја одржи стегата на режимот врз власта врз државата. Саудиска Арабија:  Куќата на Сауд е безбедна, засегаРечиси секаква искра на немири на Блискиот исток ги врти погледите кон Саудиска Арабија, затоа што глобалната цена на нафтата во огромна мера зависи од стабилноста на Куќата на Сауд. Иако неколку слабички опозициски групи повикаа на поголеми политички слободи и слобода на медиумите, во нафтеното кралство не се организира ниту една демонстрација. Саудиските нафтени долари длабоко се навлезени во процесот на пацификација на населението, а особено режимот на кралот Абдула се истакна по ангажманот во разни општествени реформи во изминативе неколку години кои, иако ограничени, се многу невообичаени за конзервативното и религиозно саудиско општество. Најклучна за ваквата состојба е способноста на Куќата на Сауд по нападите од 11-ти септември, а особено по 2004 година, да го интегрира религиозниот естаблишмент во земјата, што му овозможи на режимот да го задуши незадоволството, додека истовремено ги држи на око активностите на АКАП (Ал каеда на Арапскиот полуостров), кои се повеќе се засилуваат во соседен Јемен. Најголемата причина за загриженост во Саудиска Арабија е во врска со прашањето за наследство на престолот, како што се постарото раководство на кралството се повеќе се доближува до моментот кога ќе мора власта да им ја препушти на помладите и многу пофракционирани членови на кралското семејство. Саудиска Арабија ќе понуди помош за сузбивање на немирите секаде каде што може, особено кај клучните соседи како Бахреин и Јемен, но засега е во голема мера имуна на проблемите кои го засегаат поголемиот дел од регионот. /крај/stratfor/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија10 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија10 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија17 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија18 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија18 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија19 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија20 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized20 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ20 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија21 час

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет22 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет23 часа

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет24 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет24 часа

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет2 дена

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет2 дена

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија2 дена

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...