Контакт

Анализи

„Aарец“: Путин е новиот шеф на Блискиот Исток

Објавено пред

 

Руската интервенција, која започна во септември 2015 година со испраќање на неколку десетици воени авиони во Сирија, радикално го промени текот на војната, а шестата годишнина од избувнувањето на граѓанската војна во оваа земја беше обележана со серија убиства и бомбардирања, кои дојдоа  од двете страни.

 

Кулминација беше постигната со координирани самоубиствени напади во главниот град Дамаск, пишува во анализата на Амос Харел, објавена во вторникот во „Аарец“.

 

Сепак десетиците смртни случаи, во центарот на контролираниот од сирискиот режим простор, не го променија она што веќе е дефинитивно: Минатата година диктаторот Башар Асад ја грабна победата, по континуираниот воен пораз.

 

На крајот на 2016 година режимот го истакна своето најголемо достигнување – повлекувањето на бунтовничките групи од Алепо.

 

Сега, иако борбите низ земјата продолжуваат, по се изгледа дека владеењето на претседателот Асад не е исправено пред опасноста од крах.

 

Сирија стана голема сцена, во полето, во кое сите – светските сили, соседните земји, етничките групи и племиња се борат, додека стотици илјади сириски цивили се убиени и уште милиони се прогонетите од сопствената земја и се бегалци надвор од нејзините граници.

 

Последиците од војната се проширија надвор од Сирија. Бранот бегалци од Блискиот Исток, заедно со неколку смртоносни терористички напади, ја промени внатрешната политичка ситуација во Европа и индиректно влијае на атмосферата, што доведе до изненадувачки резултат на претседателските избори во САД.

 

Успехот на оската на муслиманите шиити – која го доведе Иран до го поткрепува  режимот на Асад – во крајна сметка се базира на убиствената воздушна моќ  на Русите.

 

И Техеран, и Москва, тоа го искористија. Русија повторно се појави на светската сцена и воведе нова меѓународна реалност со две велесили.

 

И, за разлика од поплаките изразени од арапските држави против САД, за време на ерата на Обама, Русија покажа дека нема да се откаже од своите подчинети сојузници.

 

Таа се позиционира како лидер во дипломатскиот процес насочен кон наметнување на прекин на огнот во Сирија и создаде нова слика, која се одразува на главната сцена на нејзините судири со Вашингтон, Источна Европа – и, исто така, ја користи Сирија како терен за проверка на своите нови системи на оружје.

 

Минатата недела беше објавено дека тимови од руски командоси биле испратени во Западен Египет, за да и се помогне на либиската национална армија, предводена од ген. Калифа Хафтар, која се бори за контрола врз Либија.

 

Се очекува Иран, исто така, да го искористи долготрајниот напад на САД кој го води  против Исламска држава (ИД), со цел да го освои Мосул.

 

Протерувањето на џихадистите од северниот ирачки град ќе  му овозможи на Иран да создаде континуирана лента на иранско шиитско влијание од Техеран до Мосул, до Дамаск, како и до Бека и Бејрут во Либан.

 

Минатата недела, Нетанјаху за време на посетата на Москва, му укажа на рускиот претседател Владимир Путин за планот на Техеран за изградба на иранско пристаниште во Сирија.

 

Иранците се во преговори со Асад да изнајмат земја за следните 50 години – аранжман, сличен на оној во кој Русите го добија нивното пристаниште во градот Тартус.

 

И вестите за фабриките за иранска муниција во Либан, кои во последно време се префрлени под контрола на „Хезболах“, а беа објавени во кувајтски весник се вознемирувачки. Иранското присуство на брегот на Средоземното Море  исто така е загрижувачки за Европската унија.

 

Поместување на производствените линии за ракети во Либан ќе ја намали зависноста на „Хезболах“ за конвојот за шверц на оружје кој често е подложен на мистериозни воздушни напади. Во меѓу време од Газа последователно беше истрелана ракета,  кон ненаселена област во северните области на пустината Негев.

 

Во последниов месец, ова се случува најмалку еднаш неделно, но Израел ја одржува својата линија со пораки лицата – одговорни за ракетниот напад, се екстремистички салафистички организации, по што во знак за одмазда израелските воздушни сили ги напаѓаат позициите на „Хамас“.крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....