Анализи
American Thinker: Русија за Западот е земја-мистерија, но за народот чудо Божјо
Русија е земја во која туристот лесно може да влезе на московските аеродроми, бидејќи постојат забрзани процедури. Тоа на патниците им овозможува без одложување да се упатат кон центарот на градот и хотелите, а за тоа да не минат повеќе од еден час во такси.
Сепак, како што пишува American Thinker, ако физички е лесно да се влезе во Русија, исто така од политичка гледна точка не е лесно да се разреши дилемата каква земја е таа.
Под раководство на Владимир Путин Русија станува се повеќе автократска држава, но не може да се нарече копија на сталинистичкиот Советски Сојуз.
На улиците на Москва не останале никакви потсетници за Сталин, но со Ленин некои работи се поврзани – на пример крај Црвениот плошад се уште стои голем споменик на Карл Маркс.
Русија останува мистерија и се уште се соочува со тешкотии при помирувањето со минатото.
За пример служи споменикот “Соловецки камен”, поставен во спомен на жртвите на тоталитаризмот.
Иронично споменикот е лоциран на Лубјанскиот плоштад спроти зградата каде во периодот меѓу 1954 и 1991 година се наоѓаше поранешната КГБ.
Во современа Русија, важен фактор станува растечката улога на Руската православна црква и нејзиниот фактички сојуз со власта.
Во февруари Московскиот Патријарх Кирил, Путин го нарече чудо Божјо.
American Thinker пишува дека Путин може да не е богоизбран претседател на Русија, но тој склучи сојуз со РПЦ и од тоа извлече политичка корист.
Според весникот, посветла илустрација на овие политичко-верски односи, е церемонијата која се одржа на 4 ноември 2016 година, кога Путин ја откри 56-метарска статуа на великиот кнез Владимир.
Тој ја обединил земјата и донел многу победи над надворешните непријатели.
Администрацијата на Трамп е запозната со тешката состојба на руската економија, која е зависна од цената на нафтата и ограничена од западните санкции.
Таа треба да ги признае сериозните проблеми кои ја обременуваат Руската Федерација: од стремежот да го зголеми извозот на оружје до распоредувањето на нуклеарни проектили со краток дострел.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
