Контакт

Анализи

Балканот во прекини: протестите во Македонија се само почеток, Foreign Affairs

Објавено пред

Македонија се соочува со потенцијална имплозија, босанското единство е најтенко од војната наваму, а во Косово се одвива масовен егзодус на граѓаните кои дигнаа раце од нивната корумпирана влада која произведува само поделби – трите најранливи замји во регионот стојат на работ на провалија.

dobivaj vesti na viber

Како и повеќето терористи, тој беше млад. Роден е непосредно пред жестоката омраза да ја опфати неговата земја; кусо по неговото раѓање, татко му бил фатен од властите и убиен, заедно со голем број други сунитски муслимани. Пред две недели, 24-годишниот син вмаршира во полициски станица, наводно извикувајќи го воениот восклик на џихадистите „Алаху Акбар!“ и отвори оган, при што уби еден полицаец и рани уште двајца, пред и самиот да биде убиен во престрелката со полицијата.

Наредниот викенд, 560 километри појужно, беа убиени осум полицајци и 14 терористи во жестоката престрелка во близина на меѓународната граница создадена по Првата светска војна, која радикалите повеќе не ја признаваат.

Што мислите, уште еден работен ден во Сирија или Ирак? Не, ова се случи во Европа, на неполн ден возење од Виена. Првиот напад, во Зворник, град во српскиот ентитет во Босна, беше шокантен потстетник за потенцијалното влијание на радикалниот ислам во регионот, особено непосредно по подемот на Исламската држава (исто така наречена ИДИС). Само мал број Босанци се радикализирани, а уште помалку заминаа да се борат во Сирија и Ирак. Но, во сé уште расцепканиот Балкан не се потребни многу радикали за да се дестабилизира една земја.

Ниту, пак, радикалниот ислам е единствената закана за годните работа и милијардите во инвестиции во регион од страна на Вашингтон и неговите европски партнери. Во светлината на тензиите со Западот поради Украина, Русија ја зголеми својата улога на Балканот, со потпалувачки повици за православна словенска солидарност. И навистина, Москва постојано ја истакнува својата цврста поддршка за спорната влада во Македонија, каде што се случи вториот инцидент. Викенд-престрелката, исполнета со експлозии на гранати, снајперски оган и истрели од автоматско оружје, се случи во градот Куманово, во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Косово. Владата борбите ги претстави како битка помеѓу полицијата и „една од најопасните терористички групи на Балканот“, посочувајќи, меѓу редови, на албанските радикали. Вистинските околности под кои се случи престрелката се матни, а тајмингот сомнителен – во момент кога Владата се справува со растечките протести поради наводните масовни злоупотреби на власта. Додека македонскиот претседател набрзина се подготвуваше да се врати во Македонија од прославата во Москва, неговите домаќини таму остро ги критикуваа демонстрантите и предупредуваа на уште една „обоена револуција“.

Македонија се соочува со потенцијална имплозија, босанското единство е најтенко од војната наваму, а во Косово се одвива масовен егзодус на граѓаните, кои дигнаа раце од нивната корумпирана влада која произведува само поделби – трите најранливи замји во регионот стојат на работ на провалија. Лизгањето кон радикализмот и кон меѓуетнички, па дури внатреетнички поделби, поттикнати од рускиот или исламскиот опортунизам, е сосема можно и остварливо. А ако се случи тоа, американските и европските дипломати ќе мора конечно да одговорат на прашањето: кој го изгуби Балканот?

Исто како што сторија во зенитот на војните во поранешна Југославија, Вашингтон и Брисел најверојатно ќе се обвинуваат еден со друг. Всушност, вината треба да ја делат. Ниту кризата во Украина, ниту, пак, истите на Блискиот исток можат да послужат како алиби за млаките политики и спорадичното внимание на Западот во последниве години. Вистината е дека, иако дестабилизацијата на балканот претставува многу помала закана за западните интереси од агресијата на Путин или вараварството на ИДИС, тоа е предизвик кој многу полесно може да се надмине. Во регионот нема нуклеарно оружје. Самоубиствениот тероризам, за сега, е реткост. А најбитно од се, за разлика од Украина или земјите од Блискиот исток, дури и најподелените држави во југоисточна Европа ја споделуваат заедничката стратешка ориентација со, главно, високи рејтинзи на поддршка за приклучувањето кон НАТО и ЕУ.

Но, наместо да го зграбчат овој силен темел за надминување на пречките кон евро-атлантските интеграции, Западот дозволи најпримерните држави од регионот да се свртат кон полошо. Вашингтон премногу рано и ја додели главната одговорност за балканот на ЕУ која, пак, премногу рано им ја препушти главната одговорност на регионалните лидери. Без значајни „моркови и стапови“ на ЕУ кои би го конторилирале нивното однесување, политичарите во голема мера си ги консолидираа нивните корумпирани мрежи на патронство, ги претопија или ги злоставуваат медиумите и жестоко им се спротивставија на какви и да било значајни реформи.

Збрката во Македонија

Македонија е врвен пример за последиците од спорадичното внимание. Со интензивна меѓународна помош по избувнувањето на непријателствата помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци во 2001 година, земјата покажа стабилен напредок во градењето на заеднички демократски институции. Во 2006 година, сегашниот премиер Никола Груевски ја презема функцијата. По четири се посомнителни изборни циклуси, тој успеа да ја консолидира моќта преку осакатување на судството, маргинализација на опозицијата и расчеречување на независните медиуми. Во 2007 година, македонија беше рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на печатот на Freedom House (Freedom House’s Press Freedom Index). Година, Македонија потона на 123-то место и се поситовети со држави како Венецуела. Во межувреме, економијата успева да се одржи преку силен и неодржлив пораст во зајмењето.

Со тоа што се уште е еден од најмладите лидери во регионот, Груевски ќе си седеше мирно на власт со години, да не беше скандалот со прислушувањето, кој обелодени ниво на злоупотреба на власт од ке застанува здивот. Преку периодичните објавувања од страна на опозицијата, снимените телефонски разговори наводно ја опишуваат директната оркестрација на Владата на финансиски и изборни измами, масовно електронско следење, местење на политичките опоненти за разни криминали, па дури и убиство. Груевски и другите владини функционери ги негираат наводите и тврдат дека снимените материјали се дело на „странски служби“ (без да посочат кои се), чија цел е да ја дестабилизираат земјата.

Како договор на тоа, месецов илјадници млади Македонци храбро излегоа на протести. Тие и опозицијата бараат преммиерот и неговите соработници да и ја предадат власта на преодна влада, која би организирала нови избори, паралелно со текот на една независна истрага на обвинувањата. Како што растат тензиите, опозицијата повика на мсовни протести на 17-ти мај. Соочен со жестоки законски и лични последици ако тој и неговите дадат оставка, се чини дека Груевски е спремен да се бори до самиот крај, ставајчи ја со тоа стабилноста на Македонија во опасност.

Последиците од шокантното насилство во Куманово преку викендот се исто толку непредвидливи, колку што се мистериозни околностите под кои дојде до судирот. Македонија не е без преседани за сомнителни претсрелки со наводни терористи, вклучувајќи го и случајот во 2002 година кога седум имигранти од Пакистан и Индија беа застрелани од полицијата во еден многу сомнителен инцидент. Македонскиот суд на крајот го ослободи тогашниот министер за внатрешни работи од одговорноста за убиствата.

Меѓународната заедница може да одигра одлучувачка улога во правец на мирна разврска, но до сега нејзината реакција беше нерешителна. Само германската амбасадорка отворено ја повика воладата да даде оставка. Непосредно по насилствата во Куманово, Амбасадата на САД им се приклучи на ЕУ, НАТО и ОБСЕ во повикот „сите лидери во земјата да се соберат заедно и да започнат дијалог за сите прашања со кои се соочува државата“.

Типично за Западот е да одбегнува директен судир со Груевски, со што му овозможува и нему и на другите фигури да го одржат тлеењето на отворените прашања во регионот. Но, една од сеопфатните лекции од распадот на Југославија пред 25 години е дека неуспехот директно да се псрават со суштинските проблеми само ги напрваи истите многу потешки за решавање. Ова е особено точно во случајот со Македонија, каде што долготраното противење на Грција да го прифати името на државата, за кое таа смета дека е кражба на гркото културно наследство, ја остави Македонија надвор и од НАТО (каде што нејзиното членство е ставено на чекање) и во ЕУ (со која државата се подготвува да започне преговори). Тековната нестабилност на земјата можеше да се избегне само ако и се дозволеше да го продолжи патот кон членство во НАТО и во ЕУ. Наместо да потоне во автократија, Груевски ќе беше ограничен од строгите барања кои докажано ги засилуваат демократските институции во другите земји.

Наместо да изготви транс-атлантски консензус за итноста за надминување на спорот со името (за што постоеја многу можнопсти), Вашингтон се фокусираше на проблемот само кога беше присилен. Во 1995 година, во предвечерието на преговорите во Дејтон чија цел беше да се стави крај на војната во Босна, Ричард Холбрук успеа да постигне модус вивенди помеѓу Атина и Скопје. Во 2004 година, кризата во Македонија ја поттикна администрацијата на Буш конечно да ја признае земјата под нејзиното уставно име. Стравуваниот повратен одговор од Грција никогаш не се материјализираше. И покрај тој факт, Вашингтон го батали прашањето се до непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога веќе беше премногу доцна двете страни да се присилат на компромис. Подвлекувајчи ја импотенцијата на Западот за ова прашање, Меѓународниот суд на правдат5а во 2011 година пресуди дека Атина нема никакво право на Македонија да и го попречува членството во НАТО. Без оглед на тоа, Алијансата и натаму го остава Скопје, кое ги исполни сите барања за членство, да седи во чекалната.

Груевски ја приграби меѓународната парализа предизвикана од прашањето за името за да ја провоцира Грција со привлекувачки апели кон македонскиот национализам. Во најновиот, тој тврдеше дека снимените материјали се дел од меѓународниот заговор осмислен да го присили да се откаже од името на земјата. Од своја страна, Атина од неодамна се наметна како клучен играч во транс-атлантските обиди да се одврати планираниот руско-турски гасовод, со што збувна моќта на речиси банкротираната држава да му се спротивстави на притисокот од Западот во врска со спорот со името. Накратко, како и во другите случаи од регионот, намерите на Западот само го направија спорот со името на Македонија поакутен и пооптоварен.

 

Скршената Босна

Ако Македонија има акутна болест, Босна се соочува со многу подлабока и речиси непоправлива повреда. Радикалниот ислам и руското влијание ја влошуваат постојаната етничка недоверба. Во меѓувреме, некои политичари во земјата преземаат конкретни чекори да ја поделат државата. Владејачките српски и хрватски партии неодамна ги објавија нивните одвај прикриени сепаратичтички агенди. Парламентот на Република Српска дури усвои резолуција за сепаратистички референдум кој, за прв пат, нуди и конкретен датум, 2018 година, за одржување на подбуцнувачкиот плебисцит. Ако се одржи, српскиот рерферендум гарантира дека ќе ги поттикне старите непријателства.

Босна ќе се соочи со првиот тест на кохезијтата на земјата ова лето. Во јуни треба да бидат објавени долго одложуваните резултати од пописот, кои имаат потенцијал да го разгорат бесот меѓу Бошњаците, Хрватитеи Србите подеднакво, од кои секој може да ги спинува бројките во своја корист или да се жали на системско малтретирање.

Потоа, во јули, Босниа ќе ја одбелчежи емотивната 20-годишнина од масакрот во Сребреница, каде што повеќе од 7.000 Бошњаци, мажи и деца, беа убиени од силите на етничките Срби.

Лидерите на САД и ЕУ се откажаа од приоритетот да ја убедат Босна еда го смени застарениот устав кој е во најголем дел одговорен за застојот во кој е заглавена земјата. Лидерите на ЕУ сега се здружија околу една нова политика на, навидум, полесно остварливи економски и социјални мерки. Следниот месец, ЕУ и ММФ треба да го објават „акцискиот план за реформи“, кој цели кон поттикнување на одамна задоцнетите намалувања на надуената бирократија и на другите реформи потребни за пристапување кон ЕУ. За жал. Јавноста жестоко им се противи на намалувањата на работните места во јавниот сектор и многу политичари со право се плашат дека реформите ќе ги присилат да ги приватизираат јавните претпријатија кои тие во моментов ги манипулираат за патронатство и поткуп. Чувствувајќи го овој отпор, а и со оглед на тоа дека тие се суштински исплашени од конфронтација со локалните лидери, меѓународните играчи најверојатно ќе ги ублажат реформите. Брисел веќе ги ублажи барањата за формален договор за асоцијација помеѓу Босна и ЕУ поставени на почетокот на годинава, а функционерите јасно ставија на знаење дека соодветниот кандидатски статус за Босна е клучен дел од нивната стратегија за оваа немирна држава.

Со тоа што ја истакнува формата пред суштината, ЕУ најверојатно нема да успее да го постигне очајнички потребниот успех, како што не успеа и во изминативе девет години. Како и во Македонија, 2006-та беше годината кога процесот на демократизација, кој доживеа напредок во основањето на заеднички институции под меѓународна закрила, почна да се распаѓа. Со избрзаното доделување на многу моќ н алокалните играчи за сметка на државните институции, бунтовните локални функционери (особено во Република Српска) почнаа да го кочат напредокот и отоворено да ја предизвикуваат обединетоста на земјата. Како што Вашингтон повремено се обидуваше да ја турне ЕУ да делува и локалните функционери да постигнат компромис, така босанските лидери лесно ги отфрлаа таквите напори и уште повеќе ја потонуваа државата во стагнација. Со 14 одделни влади, институциите на државата денес се дисфункционални остатоци од воените години, кои ја задушуваат меѓуетничката соработка и инвестициите.

Единственото позитивно нешто од терористичкиот напад во Зворник е дека тоа можеби конечно ќе ја шокира меѓународната заедница и ќе ја присили на акција. Пакетот на ЕУ и на ММФ, кој ги поврзува амбициите со великодушните финансики поттикнувања и одржливи казни, како што е зарана за издавање на визи и меѓународни финансиски казни за непослупшните лидери, има потенцијал, конечно, да ги концентрира меѓународните напори на Босна.

Примерот на Косово

Здружените напори може да постигнат резултати и во Косово, местото на најголемото постигнување на ЕУ. Под водството на Брисел и со силна поддршка од САД, Србија и Косово пред две години се договорија да ги нормализираат односите. Но, зајадувањето помеѓу белград и Приштина, потпомогнато од фактот дека пет членки на ЕУ одбиваат да ја прознаат независноста на Косово, заедно со ендемската корупција, го доведоа Косово во мизерна ситуација. Десеттици илјади Косовари ја напуштија земјата и тргнаа кон земјите на ЕУ, изразувајќи ја својата суштинска недоверба во иднината на Косово со своите стапала.

Радикалните опции за обединување на Косово со Албанија, што би ги обновило судирите со Србија, се успеваат да привлечат поддршка. Некогаш примерните умерени политичари почнуваат да си ги радикализираат ставовите против компромисот поддржан од Брисел. Истовремено, косово се соочи со вознемирувачки знаци за постоење на исламски радикали, кој предизвикуваат темелен страв подеднакво и кај Србите и кај умерените Албанци. Најголемата загриженост доаѓа од стравот дека исламистите можат да најдат заеднички јазик со радикалните албански националисти, со што ќе внесат уште поголема нестабилност во земјата чија безбедност е се уште под надзор на НАТО, заедно со значителното присуство на ЕУ.

Брисел и Вашингтон мора да ги притиснат албанските лидери да се помрднат во воведувањето на клучните реформи во владеењето на правото и истовремено да ги тегнат и Приштина и Белград кон постигнување на договор за прашањата кои се мнгу помалку злокобни од оние кои ги надминаа во 2013 година. Овие преговори докажаа дека кога Брисел го условува напредокот кон членство во ЕУ со подобрување на меѓусебните односи, тогаш и Србите и Албанците почнуваат да постигнуваат напредок кон наоѓањето на компромисни решенија.

И покрај безбројните опасности, Балканот во никој случај не е безнадежен. Иронијата на денешните кризи во Македонија, Босна и во Косово е во тоа што, додека некои лидери играат на националистичката карта, мнгоу повеќе обични граѓани од кога и да е порано се подготвени да ги надминат етничките разлики. Доволно време беше залудно потрошено во продолжување на отворените прашања во регионот со нефункционални, несоодветни иницијативи. Нема потреба да се уништи, со неодговорност и неодлучност, овој принципиелен (и во голема мера успешен) проект, кој започна со храброст и визија. Најбитно од се е тоа што, за да ги решат денешните проблеми на регионот, функционерите едноставно мораат повторно да ги сфатат сериозно./.крај/мф/сс

Извор: Макфакс

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија8 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија8 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија9 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија9 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија10 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија11 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија11 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија11 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија12 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија12 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија12 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија13 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија13 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија15 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија17 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија18 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....