Контакт

Анализи

Бугарија на избори: Продолжува доминацијата на Борисов или пак социјалистите го возвраќаат ударот

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателските избори во недела во Бугарија ќе одговорат на едно многу важно прашање, односно дали по повеќекратните изборни победи, што на претседателските, што на парламентарните, ќе биде биде прекината низата на владејачката партија Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) и премиерот Бојко Борисов и конечно социјалистите (Бугарската социјалистичка партија) ќе успејат овојпат да го возвратат ударот.

 

Од Софија, Бојан Стојковски               

 

Во вториот круг од претседателските избори, кандидатот на БСП, генералот Румен Радев влегува со предност од три проценти пред противкандидатот од ГЕРБ, Цецка Цачева. Радев минатата недела освои 25,45 проценти од гласовите, додека Цачева, пак, освои 21,97 проценти. Од исходот од овие избори зависи и судбината на владата на Борисов, бидејќи уште пред одржувањето на првиот круг, бугарскиот премиер порача дека доколку неговиот кандидат не освои најмногу гласови во првиот круг, тој ќе поднесе оставка. Токму и тоа се случи, но оставката на Борисов изостана, така што останува да се види најпрво каков ќе биде резултатот од вториот круг, а потоа и реакцијата на владејачката партија.

 

„Тешко е да се прогнозира поради тоа што можно е да дојде до пресврт во резултатот. Радев влегува со предност од три проценти, а властите, пак, се плашат од оставка на владата и сопирање на многу проекти доколку Цачева не победи. Се зависи од тоа кого ќе поддржат симпатизерите на останатите партии во вториот круг“, вели за Макфакс, новинарката на Бугарската телеграфска агенција (БТА), Теодора Цанева.

 

Во пресрет на вториот круг, анкетите на Радев му даваа предност од 51 процент во однос на 40 проценти за Цачева. Сепак, се чини дека како и во повеќето балкански земји, конечниот збор во повеќето избори секогаш го имаат политичките пазарења и калкулации. „Прашањето е кого ќе поддржат симпатизерите на патриотите (ВМРО-БНД), на Реформаторскиот блок и на ДПС (партијата на Турците). Засега од ДПС индиректно го поддржуваат Радев, Реформаторскиот блок ја поддржува Цачева, додека пак патриотите ќе гласаат според својата совест“, вели Цанева.

 

Идеолошките спротивставености на двете страни се исто така уште еден од многуте аспекти на овие избори па така често овие денови во Бугарија се вели дека овие избори се „за Русија или за ЕУ“. Радев, кого од страна на ГЕРБ го нарекуваат „црвениот генерал“ ќе ја приближи земјата до Русија, додека пак Цачева ќе биде гарант за политичката стабилност на земјата, барем такви се најавите од владејачката партија. Бугарскиот генерал, пак,  во повеќе наврати негираше дека со неговиот избор земјата ќе започне да бара алтернативи на ЕУ и НАТО и дека земјата ќе остана да биде прозападно насочена./крај/мф/бс

 

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија9 часа

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ9 часа

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија10 часа

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет10 часа

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон бргу зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија11 часа

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија12 часа

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион12 часа

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија13 часа

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет14 часа

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно...

Скопје1 ден

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ1 ден

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија1 ден

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија1 ден

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија1 ден

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија1 ден

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија1 ден

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија1 ден

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...