Контакт

Анализи

Парадоксот на американските изборни реформи

Објавено пред

Можеби најбитната поента во оваа анализа е тоа што преосмислувањето на владата е ендемско за видот на влада кој го има САД и дека САД и повеќе од добро ги абсорбираат реформите, но и секогаш се изненадени од промените кои произлегуваат.

dobivaj vesti na viber

 

Америка влегува во раната фаза на избор на претседател на САД. Се собираат огромни суми пари, се подготвуваат планови, се испитува опозиција и веќе изби и првиот скандал со откритието дека Хилари Клинтон употребувала невладин имејл за владини работи. Нацијата ќе се соочи со цела низа на примарни избори (внатрепартиски избори на кандидат, н.з.), по кои ќе следат изборите за претседател и, можеби, по некој спор за некои од аспектите на изборот. Претседателските избори во САСД траат околу две години, особено кога актуелниот претседател нема право повторно да се кандидира.

Изборниот процес е битен за светот поради две причини. Прво, единствената глобална сила на светот ќе биде исклучително свртена самата кон себе, а актуелниот претседател, веќе ослабен од фактот дека опозицијата ги контролира двата дома на Конгресот, ќе биде уште повеќе ограничен во своето дејствување. Ова до некаде вознемирува, затоа што во текот на изборната кампања во САД, светот ќе се изнаслуша литании од себенавредување и себепонижување што може да биде застрашувачко кога доаѓа од земја која секоја година произведува речиси една четвртина од светското богатство и ги владее океаните. Да се случува истото во Хондурас, ретко кој ќе забележеше. Кога се случува во САД, јавниот дискурс може да ги убеди другите дека САД е на работ на пропаста и таквата перспектива може да влијае барем на некои дејствија на глобалната сцена.

Смирување на политичките страсти

САД себе се гледа како „град на ридот“ (метафора прозилезена од проповед на Исус Христос и којашто алудира дека град на ридот не може да се скрие. Често употребувана од американските политичари за да се укаже на нешто/некој што треба да служи како пример), како пример за сиот свет. Но, секоја алузија на спасението е проследена со својата спротивност – апокалипсата. Другиот кандидат за претседател е предавник на ветувањето за Америка, оттаму и уништувач на истото. Екстремните пораки се врежани во визијата која ја создаде републиката.

Оснивачите на републиката ја разбираа вградената неумереност на политиката и се обидоа да ги решат проблемите со тоа што ќе ја ограничат демократијата и ќе ја истакнат репрезентативната демократија. Американците ги избираат своите пратеници преку разни сложени постапки. Тие не ги избираат претседателите директно, туку преку Изборен колеџ.

Иако се чини како архаична институција, Изборниот колеџ се уште го претставува стравот на оснивачите од страста на луѓето – и од интензитетот на некои и од индиферентноста на другите. Оснивачите исто така гледаа со недоверба на државата, иако ја разбираа потребата од неа. Тие имаа две визии: пратеници да ги креираат законите, но истите тие пратеници да не се професионални политичари. Бидејќи повторниот избор не би им бил примарна цел, тие би биле ослободени од демократските притисоци и би можеле да ја употребат сета своја мудрост при изготвувањето на законите.

Оснивачите сметаа дека граѓанското општество – бизнисите, фармите, црквите, итн. – е далеку побитно од државата и на претераната политичка страст гледаа како на нешто изместено. Како прво, страста го деградира проватните стремежи кои тие толку многу ги ценеа и тежнее да ја направи политиката многу побитна отколку што би требало да биде. Второ, стравуваа дека обичните мажи (жените тогаш беа исклучени од процесот) може да бидат избрани за пратеници на некое од нивоата. Тие одредија имотни предодредници за да ја осигураат трезвеноста (или, барем, така сметаа) на пратениците и барем да го ограничат до одреден степен нивниот интерес за политика. Одредија и сѕаросни ограничувања за да обезбедат одерден степен на зрелост. Се обидоа да ја обликуваат пратеничката демократија со стандарди за кои тие сметаа дека се мудри – истоветни со нивниот општествен статус каде што преовладуваа приватните стремежи , а јавните работи се сметаа за оптоварувачка должност.

Не дека оснивачите сметаа оти владата е небитна. Напротив, за нив таа беше столб на цивилизацијата. Тие беа загрижени од претераната страст од страна на електоратот, па затоа создадоа републиканска форма на преставничка влада, затоа што се плашеа од страста на јавноста. Тие исто така се плашеа од политичките партии и фракции и од емоциите кои тие можат да ги предизвикаат.

 

Партиите и партиските „босови“

Секако, токму оснивачите беа тие што ги создаедоа првите партии набргу по основањето на нацијата. Имотните предодредници релативно бргу беа исфрлени, идејата секоја државната управа одделно да ги бира сенаторите исчезна, а изникнаа идеолошките страсти и љубовта кон скандали.

Политичките партии беа организирани од секоја дражава одделно, а внатре во државите од секоја област и град. Овие партии се појавија со две цели. Првата беше да генерираат и понудат потенцијални лидери, кои натаму би биле избрани на сите нивоа. Втората беше да служат како посредници помеѓу јавноста – од сите слоеви, и богати и сиромашни – државата. Политичките машини кои доминираа со земјата служеа да го „хранат“ републиканскиот систем, но и како омбудсмани за граѓаните.

Партиските шефови немаа визии ниту за спасение, ниту за апокалипса. Тие беа токму она што оснивачите не го сакаа: професионални политичари, кои можеби не ги извршуваа функциите лично, но го контролираа процесот на избор на оние кои ќе го прават тоа. Бидејќи овие функционери своите функции му ги должеа на партискиот бос, тој ја одредуваше легислатурата. А најмоќните босови, пак, ги населуваа задимените простории каде што се одбираа претседателите.

Ова, секако, беше систем како создаден за корупција и ја нарушуваше визијата на оснивачите, но на одреден начин и ја исполнуваше истата. Моќта на партиските босови лежеше во градењето на коалиции на кои тие би можеле да им служат. Во големите индустриски градови во кои имигрантите доаѓаа за да работат во фабриките, тоа значеше да се обезбедуваат повеќе работни места, јавни услуги, одржување на училиштата, итн. Тие не работеа од љубов кон заедницата, туку затоа што сакаа да си ја задржат моќта. Дури и ако компаниите кои туткаа пари во џебовите на босовите ги градеа училиштата, а зетот на некој од босовите беше сопственик на фирмата која ги поплочуваше улиците, училиштата беа изградени, а улиците поплочени. Политичките машини беа реалност и во руралните средини.

Секои четири години, партиските босови се собираа на партиската конвенција со цел да одберат кандидат кој ќе победи. На кандидатот му ги дозволуваа „идеолошките слабости“, се додека тие ја задржуваа моќта да именуваат директори на пошти и судии и да одредуваат кој ќе ги добие федералните проекти во нивните области. Системот беше корумпиран, но произведе лидери како Абрахам Линколн, Теодор Рузвелт, Вудроу Вилсон, Франклин Рузвелт, Хари Труман и Двајт Ајзенхауер, како и некои не толку репрезентативни луѓе.

Системот на босови пропаѓа

Со почеток во 1972 година, веднаш по претседателствувањето на Ричард Никсон, САД почна да се одалечува од системот на политички босови. Ова беше постигнато со значително проширување на примарните избори на сите нивоа. Наместо босовите да ги одбираат кандидатите и потоа да ги контролираат, беа воведени директни демократски избори за избор на кандидати. Бидејќи босовите повеќе не ги одбираа кандидатите, овие повеќе не им одговараа ним туку на гласачите. Секоја изборна година, гласачите ќе ги избереа кандидатите, а потоа и самиот претседател. Со тек на времето, моќта на политичите машини беше скршена и заменета со серија од избори. Оснивачите не посакуваа вакво ниво на демократија, но не ја посакуваа ни појавата на партиските босови.

Оваа промена имаше две неочекувани последици. Првата беше тоа што важноста на парите во политичкиот процес збувна. Во стариот систем, требаше да се убедат босовите да поддржат некој кандидат. Тоа изискуваше време и напор и подразбираше давање на одредени ветувања, но не беа потребни огромни суми на пари. Според системот на примарни избори, покрај националните избори, се одржуваа избори и во речиси сите држави. Кандидатите мораа да сиздадат свои сопствени машини во секоја држава и да им се обратат директно на гласачите. Тоа значеше огромни трошоци за да се создадат машините и да се плати рекламирањето во секоја држава одделно.

Како што се ограничуваше корумпираноста на босовите, а битноста на парите растеше, се поместија и видовите на корупција ендемски за политчкиот систем. Корупцијата се измести од услуги за босовите кон специјален третман на тие кои ги собираа фондовите, но не исчезна. Реформистите се обидоа да ја ограничат суматана пари која може да се донира, но игнорираа два факта. Прво, примарниот систем е ѓаволски скап, едноставно поради тоа што пренесувањето на пораката до јавноста во 50 држави чини цело богатство. Второ, со оглед на влоговите, желбата да се влијае врз владата тешко може да се попречи. Се изнаоѓаат начини како да се донираат повеќе пари, а во некои случаи тоа е сторено со надеж и очекување да се исполни некаква услуга. Реформите го сменија обликот на корупција, но не успеаја да ја елиминираат.

Втората несакана последица е тоа што се институционализира политичката поларизација. Партискиот бос не беше страстен човек. Но оние кои излегуваат на гласачките места најчесто се. Излезноста на американските избори е секогаш мала. Оснивачите го поместија денот на изборите во вторник, за разлика од викендите како во повеќето држави. А тоа е работен ден, треба децата да се однесат на училиште, да се подготви ручек итн. Оснивачите ја осмислија политиката да биде помалку важна од приватниот живот и во натпреварот на изборниот ден приватниот живот најчесто победува , особено при среднорочните и примарните избори.

Луѓето кои гласаат на примарните избори најчесто се страстни верници. Центарот, кој го сочинува најбројниот блок при националните избори, не е таков. Домашната работа на децата е на прво место. Страста опстојува кај екстремите и на двете партии. Тоа знали дека само два типа на кандидати победуваат на примарните избори. Едниот е оној кој е добро снабден со пари – а страста на екстремите ја прави потребата за пари уште побитна. Другиот се идеолошки посветениот. Врвните собирачи на финансии се соочуваат со најстрастните гласачи и напреварот се сведува на тоа дали центарот може да биде приодобиен со пари. Најчесто одговорот е не. Резултат на тоа е што екстремите, иако малцинство во партијата, честопати избираат кандидати на примарните избори кои потоа имаат потешкотии да победат на националните. Од нивна гледна точка, победата не значи ништо ако кандидатот се откаже од принципите.

Сето ова еднакво се однесува и на изборите за Претставничкиот дом и за Сенатот. Се вели дека никогаш досега немало толку малку двопартијност како што е сега. Не знам дали е тоа вистина, но со сигурност знам дека казната за соработка со другата партија, или за вртење кон центарот, е исклучително висока. Тоа единствено можат да го сторат оние кои ќе соберат доволно пари за да го привлечат центарот. А тоа тешко се прави. Како резултат на тоа, сите мора да им се додворуваат на екстремите во текот на примарните избори, а на националните да се вртат кон центарот. Реформите ја институционализираа хипокризијата и ја надуваа моќта на маргиналните групи, иако успеаја да ја скршат моќта на партиските босови.

Од 1972 година наваму, САД избра претседатели како што Роналд Реган, таткото и синот Буш, Бил Клинтон и Барак Обама. Ќе им оставам на читателите самите да одлучат каков е овој избор во споредба со лидерите кои ги генерираа босовите. Како и да е, тврдам дека омбудсманскиот систем пропадна. Босовите, поради тоа пшто беа корумпирани, може да обезбедат спој помеѓу гласачите и работодавците (кои сакаа јавни проекти) и владата. Сметам дека пропаста на системот на босови им ја олесна интеграцијата на Италијанците, Ирците и Евреите, но им ја отежна на Црнците и Хиспаноамериканците. Се уште постојат одредени босови, но тие не се норма и не можат многу да понудат без да завршат во затвор.

Не ми е намерата да ги романтизирам босовите. Нам, во целина, ни е многу подобро без нив, а и не можеме да ги оживееме. Се обидувам да објаснам зошто изборите станаа толку долги, зошто чинат толку многу пари и зошто екстремите и на двете партии сега ја одредуваат и агендата и легислативата и однесувањето на извршните функционери.

Геополитиката на изборите во САД

Постои и геополички аспект на сето ова. Внатрешниот изборен процес на водечката глобална сила секогаш е геополитчка работа. Структурата и методот според кои се избрани лидерите го обликува видот на лидер кој владее и до одереден степен ги дефинира ограничувањата наметнати на владите. Според концептот на Стратфор, геополитиката посочува дека желбите и идиосинкразиите на одделни лидери прават многу мала разлика на долги патеки. Ова е така затоа што лидерите се огранилени од глобалната реалност. Така е и затоа што внатрешните политички процеси дефинираат што треба да се стори за да се добие и задржи власта. Овие внатрешни политички процеси своите корени ги влечат од надпресонални сили.

Долга е борбата помеѓу визијата на оснивачите за тоа како треба да функционира политиката и реалноста на процесот. Партискиот бос беше, на некој извртен начин, имплементација на принципот за претставничка влада. Тој исто така беше симбол закорупција и недемократско однесување. Неговата пропаст го создаде примарниот систем, кој во себе носи сопствен вид на корупција. Згора на тоа, тој систематски ја ограничи моќта на центарот и ја зголеми таа на најидеолошки настроените. Тој исто така придонесе изборите во САД да предизвикуваат многу нелагодни чувства ширум светот, затоа што тоа што светот ќе го чуе на примарните избори во Џорџија, Вермонт, или во Тексас може да биде многу вознемирувачко. Американската република беше осмислена и повторно се осмислува на истата базична тема. Секоја реформа создава нова форма на корупција и нов предизвик за владеењето. На крајот, сите се фатени во замката на реалноста, само што треба се повеќе и повеќе време за да се падне во замката.

Оваа ситуација не е уникатна за САД, но урнекот насекаде се разликува. Низ вековите јавноста на САД беше обликувана од имиграцијата, а владата на САД беше свесно создадена според теоретските конструкции на оснивачите. Како нацијата да е празна страница. Во овој контекст се случуваа брановите од реформи и сите ја менуваа републиката, сите со несакани последици.

Се обидов тука да ги прикажам несаканите последици од пост-Вотергејт реформите, за да илустрирам зошто Американскиот политички систем функционира како што функционира. Но, можеби најбитната поента е тоа што преосмислувањето на владата е ендемско за видот на влада кој го има САД и дека САД и добро ги абсорбира реформите и секогаш е изненадена од промените кои следат. Во другите земји има помалку простор за маневрирање и можеби помалку изненадувања и стандарди за успех. Политичките партии се појавија наспроти намерите на оснивачите, затоа што политичкото организирање надвор од елитите произлезе од логиката на владеењето. Подемот на политчките босови произлезе од системот и истовремено и го корумпираше и го стабилизираше. Пост-Вотергејт реформите ја сменија природата на на корупцијата, но исто така и ткивото на политичкиот живот. Последното е прашање со кое САД се уште се бори.

Кина, Русија и Европа исто така се борат, но различни начини и кон различни цели, најчесто поради проблемите ендемски за нивните култури. Проблемот кој ендемичен за американската култура е волјата за реформи. Тоа е и доблеста и порокот на владата на САД. Тоа има геополитички последици. Ова е сосема друга димензија на геополитиката која ќе треба да се земе предвид во текот на наредните недели и месеци. /крај/мф/сс

Извор: Макфакс

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ4 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија6 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија7 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион8 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион8 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа9 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет9 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа9 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија21 час

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија23 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...