Црна хроника
Полуавтоматска пушка, пиштол и ловно оружје пронајдени во дом на прилепчанец

Службеници од канцеларијата за криминалистички работи во прилепската полиција денеска уапсиле 43-годишен прилепчанец со иницијали Р. Т.
Како што информираат од МВР, при претрес извршен со судска наредба, во домот на 43-годишникот на прилепската улица Круме Спиркоски биле пронајдени и одземени еден пиштол „екол“, модел „туна“, во калибар 8 милиметри, еден ловен карабин „М-98“ во калибар 7,9 милиметри, една ловна пушка „пумпарица“, модел „586“, една полуавтоматска пушка „М-59“ во 7,62 милиметри, 4 куршуми во калибар 6,35, 81 куршум 7,62х39 и 35 куршуми 7,9х57.
Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Детонација пред казино во Кисела Вода

Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.
Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти.
Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Maлолетничка натепана во автобус на ЈСП, нападнат и скопјанец кој се обидел да и’ помогне

Малолетно девојче било нападнато во автобус со бројот 57 вчера во Скопје.
Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката.
„На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички нападнало малолетничка од Скопје, а потоа физички го нападнало и Ќ.С.(32) од Скопје, кој сакал да ја одбрани малолетничката“, соопшти МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Гостиварец потрошил над 2.000 евра од туѓа платежна картичка

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
„Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра“, велат од МВР во дневниот билтен.