Црна хроника
Автомобил излетал на патот Прилеп – Македонски Брод, возачот загинал на самото место
Во вечерните часови на 1 март во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, пред влезот за село Ропотово, излетал автомобил „форд ескорт“.
Возилото било управувано од Р. Ј. (49), жител на селото Долнени, кој поради добиените повреди, починал на местото на несреќата.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од прилепската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Поранешниот вонбрачен партнер ја удрил со автомобил
Во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден околу 06.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била удрена од патничко возило кое било управувано од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.К.(22) од Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
Вчера во 08.48 часот во СВР Скопје, А.С.Б.(54) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 07.50 част на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а потоа ја турнало на земја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Почина возач на камион од Богданци
Во 13.20 часот вчера во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.
МВР денеска соопшти дека во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.