Црна хроника
Автомобил излета од автопат, повредени четири лица

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Пријателство, во близина на надвозникот во селото Ржаничино, Скопско.
„Автомобил со велешки регистарски ознаки, управуван од И.М.(46) од Велес, излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во скопска продавница за миленици се продавала дрога, полицијата најде 85 таблети

Дрога се продавала во продавница за миленици во Скопје.
Полицијата извршила претрес во просториите на продавницата и нашла 85 таблети.
На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
Црна хроника
Затвореник почина во затворот Идризово

Затвореник почина во затворот Идризово во Скопје.
Според информациите, се работи за 27-годишниот Д.Х. од Велес.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, скопско.
При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.
Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.