Црна хроника
Автомобил на бугарска фирма ограбен во Скопје, украдени лаптоп и 12.000 евра, фатени две лица
Скопското обвинителство поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години за тешка кражба.
Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот Илинденска, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.
Од автомобилот „БМВ“ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, велаат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајката ги оставала малолетните деца да спијат во возило додека одела на работа: пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Утрово на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат.
Децата се предадени на таткото В.С., соопштија надлежните.
Според МВР, две лица се лишени од слобода а поднесени се вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие .
Имено вчера на 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
Вечерта на истиот датум во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
Истиот ден во ОВР Струга бил извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.
Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода и Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.
Црна хроника
Починал два дена по несреќа со трактор: 71-годишник од виничко прво заминал дома без да побара помош
Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал од повредите здобиени во несреќа со трактор, која се случила два дена претходно, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 8 јуни во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршената реанимација.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.
При увидот било утврдено дека на 6 јуни во вечерните часови, на локален пат во селото Драгобраште, В.А. излетал од патот со тракторот што го управувал. По несреќата, тој заминал дома без да побара лекарска помош.
Два дена подоцна, на 8 јуни околу 9 часот, неговиот син го однел во болницата во Виница, од каде бил препратен во болницата во Кочани. Но, по кратко време му се слошило, по што екипа на Итната медицинска помош од Виница се обидела да го реанимира, но без успех.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против 80-годишник поради силување на 14-годишно дете во Валандово
Полицијата од Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’.
„На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
